НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НУЛА од ветените проекти за охриѓани, непотизмот во Охрид покажува дека со ВМРО-ДПМНЕ нема прогрес

0
By Marija Todorovska on March 18, 2024 ИЗБОР
Мицкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, близок соработник на Христијан Мицкоски имаат испреплетена шема на роднини, пријатели и блиски челнови на ДПМНЕ низ охридските институции, реагира од СДСМ.

Од таму објавија и долга листа за наводен непотизмот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Кирил Пецаков во Охрид.

– Кумот на градоначалникот Пецаков, Сашо Донев е претседател на општинскиот комитет на ДПМНЕ во Охрид. Сестрата на неговата сопруга, Билјана е вработена во општинскиот училишен центар Св. Наум Охридски. Александар Китески е близок на Пецаков и ДПМНЕ и моментално е Секретар на Општина Охрид. Неговата сопруга, Елена Китеска е вработена во Основното училиште Кочо Рацин во Охрид. И сестрата на сопругата на Китески, Кристина е исто така вработена во институција под надлежност на општината, односно во ЈП Охридски комуналец. Роднина на Китески, Ристе пак е правен застапник на истото претпријатие ЈП Охридски комуналец и претседател на ГРК Охрид А.Д. Додека кумашинката на Китески, Ана Србиновска е вработена во Општина Охрид – кумашинот Андоновски е директор на Јавното претпријатие Билјанини Извори. Директор на јавното претпријатие Охридски комуналец, Сашо Најдовски е исто така пријател на Пецаков. Кумашинката Оливера е вработена во истото јавно претпријатие, ЈП Охридски комуналец. И баџанакот Душко Шајноски е исто така вработен во ЈП Охридски комуналец и на раководна позиција. Илија Арнаудоски е поранешен претседател на Месниот комитет на ДПМНЕ во Велгошти и вработен во Капетанијата. Неговата пруга, Ангела е вработена во општина Охрид под капата на Пецаков. Секретар на Општинскиот комитет на ДПМНЕ е Коста Арнаудов. Неговата сопруга е вработена во Јавното претпријатие Водовод. Раководителот за Урбанизам ја унапреди својата сопруга Катерина во раководител на правна служба во Општина Охрид. Вујкото на Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид, пак е вработен во ЈП Нискоградба, исто така во Охрид, соопштија од СДСМ.

Според нив, глас на престојните парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ е глас за враќање назад, кој, како што нагласуват, значи вдомување партиски кадри, роднини и пријатели на избраните функционери на оваа партија.

Од презмење на функцијата градоначалник на Охрид од страна на Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, ветените проекти му останаа само на хартија.

Актуелната локална власт на Охрид ги зголеми цените на услугите по јавните претпријатија. Поради оваа „социјална“ мерка на ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков охриѓани плаќаат над 40% повисоки сметки за паркинг, за гробарина за 75%, а за градски пазар за 35% повеќе од претходно. Од друга страна резултатите од ветените проекти се НУЛА.

Поради ова незаинтересираност на локалната власт и ВМРО-ДПМНЕ за Охрид, владата предводена од СДСМ водејќи сметка за сите граѓани подеднакво вложи 6 милиони евра во охридското образование. Долгот на општина Охрид е исплатен повеќе од половина токму со помош на Владата на СДСМ. Санацијата, преземањето на долгот и управувањето со Колекторскиот систем е исто така дело на СДСМ.

Владата успеа да го зачува и престижниот статус на Охридското езеро – останува на листата на УНЕСКО.

Во кампањата на локалните избори 2021 година, ВМРО-ДПМНЕ и Кирил Пецаков им ветиле на граѓаните дека старото градско јадро и околните населби на Охрид мора да се развиваат, но денес на терен сликата е поинаква.

–Во насока на правилната урбанизација, гарантираме промени, проекти и победи. Пред охриѓани се обврзуваме на реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ и реконструкција на плоштадот „Св. Климент Охридски“. Покрај нив имаме предвидено и реконструирање на постојните плоштади изградени во време кога со локалната самоуправа раководеше ВМРО-ДПМНЕ, велеше Пецаков пред граѓаните за време на изборната кампања во 2021 година.

Од СДСМ ја обвинија локалната власт во Охрид предводена од ВМРО ДПМНЕ како најнеспособната досега.

Тие барат одговори од градоначалникот Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ и за, како што велат, „егзотичното крстарење на градоначалникот, заедно со секретарот на Општината“.

– Актуелен е скандалот со егзотичното крстарење на градоначалникот, заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет. Со денови охриѓани чекаат одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков?, обвинуваат од СДСМ.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

ВМРО ДПМНЕ избори непотизам Охрид СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.