НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО оформи предмет за Данела Арсовска за незаконското назначување директор на МКЦ

0
By Ана Василевска on March 21, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако програмскиот колегиум на МКЦ ја доби и втората тужба против градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, со правосилна одлука на Управниот суд, Основното јавно обвинителство оформи предмет.

Ова за НОВАТВ го потврди службата за односи со јавност на ОЈО, одговарајќи на нашето новинарско прашање, дали ОЈО презема дејствија по одлуката на Судот во полза на тужителите.

„Оформен е предмет и јавен обвинител презема дејствија на проверки.“, одговорија од ОЈО.

Како што веќе објавивме Управниот суд досудил против одлуката на Арсовска, да постави на функцијата, в.д. директор на МКЦ некој кој не е од редот на вработените, зашто пред да ја добие таа функција Никола Алексов беше ангажиран во МКЦ преку Агенцијата за привремени вработувања. Тоа е спротивно на Законот за вработени во јавниот сектор.

Одлуката на Управниот суд е правосилна и против неа Арсовска нема право на жалба, а од Програмскиот колегиум велат дека имаат право да ги поништат сите одлуките, донесени од Алексов.

Со ова практично МКЦ имал фиктивен директор, односно незаконски поставен, се до назначувањето на новиот директор Бени Шаќири кое исто така беше нотирано дека е незаконско, односно дека градоначалничката Арсовска го назначила без да ги информира противкандидатите на конкурсот и самата инстутуција со што е направен превид да се испочитува законскиот период за евентуална жалба.

Во меѓувреме МКЦ во однос на своите програмски активности „дише на шкрги“, откако новиот Шаќири ги замрзна договорите за хонорарни ангажмани со образложение дека тоа е препорака на ДКСК за периодот во предизборието. Како што дознаваме МКЦ испратил допис до антикорупционерите од каде пак добиле одговор дека тие не се надлежни за ова прашање.

А. Василевска 

Данела Арсовска МКЦ ОЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.