Ерол Ризаов: Додека премиерот Мицкоски се подготвува за значајните средби што ќе ги има во Вашингтон би било многу подобро да најде начин да стаса и на средба со еден друг Доналд. Не онака од нога и куртоазно, на маргините од некој самит. Неопходна е добро подготвена средба со Доналд Туск, премиерот на Полска, која претседава со ЕУ не само за да дознае зошто ЕУ ги крена рацете од Македонија и повеќе не ја спомнува во плановите за проширување на Унијата, иако одговорот веќе е познат и загрижувачки, туку навистина да се најде решение Македонија да не остане целосно изолирана и заборавена. Една таква официјална посета на Полска, доколку нашата дипломатија успее да ја обезбеди, може да биде многу покорисна од „Пинки го виде Тито“ во Америка, односно од намигнувањето на Трамп. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.