НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Берлин: Миграцијата и економијата главни во кампањата

0
By Zoran Ivanov on February 22, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На анкетите предничи Унијата, од ЦДУ/ЦСУ. На второ место во анкетите е делумно десно екстремната АфД со 20 проценти од гласовите.

Дојче Веле

Беше кратко, но макотрпно предизборие, во кое многу често се повторуваше еден збор: промена на насоката. „Три години се обидувате да водите левичарска политика во Германија. Не може да продолжите со тоа“, рече пред две недели Фридрих Мерц, кој се кандидира за канцелар во име на конзервативните сестрински партии ЦДУ/ЦСУ. Во Бундестагот со тоа им се обрати на СПД и на Зелените, кои владееја заедно со Либералите од 2021 година. Во ноември 2024 година, коалицијата од две леви и една економски либерална партија пропадна по неколкумесечните спорови. Затоа на 23 февруари се одржуваат предвремени избори.

На СПД ѝ се заканува пад

Зелените загубија помалку во анкетите, но СПД и ФДП претрпеа огромен пад. Либералите би можеле да паднат под прагот од пет проценти, на СПД ѝ се заканува горчлив пораз – можеби најлошиот резултат на сојузни избори во повоената историја на партијата.

На анкетите предничи Унијата, од ЦДУ/ЦСУ. На второ место во анкетите е делумно десноекстремната АфД со 20 проценти од гласовите. Тоа е двојно повеќе отколку во 2021 година. Кандидатот на Унијата за канцелар, Мерц, за тоа посочува на политиките од изминатите три години и вели дека „нашата економија се намалува, трета година по ред имаме рецесија. Тоа не се случило ниту еднаш во повоената историја на Германија“.

Војна, енергетска криза, инфлација

Додека Мерц напаѓаше сè посилно од позиција на предизвикувач во предизборната кампања, канцеларот Шолц сè повеќе запаѓаше во дефанзива. Во настапот беше многу похрабар, посамоуверен и поборбен отколку во последните години, но содржински често доаѓаше во ситуација да мора да ја брани и оправдува својата политика.

Нападот на Русија врз Украина, вели, довел до енергетска криза и инфлација, а не неговата влада. „Економијата сè уште се бори со последиците“, вели Шолц. И во претстојните години ситуацијата нема да биде поедноставна со оглед на САД и „иритирачките“ барања на американскиот претседател Доналд Трамп, порача Шолц. „Ветерот ни дува во гради и вистината е дека тоа нема суштински да се промени во наредните години“, заклучи Шолц.

Топ тема: миграција

Слабата економија беше тема за која многу се зборуваше за време на предизборната кампања. Меѓутоа, по фаталниот напад со нож во Ашафенбург од авганистански барател на азил, кому барањето му било одбиено, доминираше темата миграција, особено што Фридрих Мерц веднаш по нападот најави дека сака да постигне заострување на политиката за азил во Бундестагот уште пред изборите. Ако треба, и со гласовите на АфД.

Пратениците од АфД триумфираа кога иницијативата поднесена од Унијата и де факто доби мнозинство кон крајот на јануари со помош на гласовите од АфД. Партијата, која Сојузната служба за заштита на уставниот поредок во делови ја класифицира како десноекстремна, го повика Мерц да коалицира со неа по изборите.

Нема соработка со екстремната десница

По гласањето во Бундестагот, стотици илјади граѓани демонстрираа ширум Германија против поместување на десно во германската политика, а канцеларот Шолц беше бесен и порача дека „не е сèедно дали се соработува со екстремната десница. Не во Германија!“

Во деновите и неделите што следеа, Мерц не пропушти можност да исклучи каква било соработка со АфД. Но, Унијата нема да може да владее без коалициски партнер. Меѓутоа, колку повеќе партии би влегле во Бундестагот, толку потешко би станало формирањето мнозинство и влада. Според анкетите, Левица веројатно ќе успее да ја надмине пречката од пет проценти, а БСВ и ФДП мора да се тресат за резултатот.

Ако ФДП влезе во Бундестагот, можеби ќе бидат потребни дури три партии за да се формира коалиција. Ако помалку партии влезат во Бундестагот, коалициски партнери би можеле да бидат ЦДУ/ЦСУ и СПД или ЦДУ/ЦСУ и Зелените.

АфД е изолирана

Кандидатката на АфД за канцелар, Алис Вајдел, се жали дека со таква коалиција само ќе продолжат претходните политики, а АфД тоа нема да го спречува. Политичкиот „пресврт“ ќе дојде и само „непотребно се одложува“, смета Вајдел.

По скандалот околу гласањето со АфД, односите меѓу СПД и Зелените и Унијата не се најдобри. На крајот, коалиција секако ќе зависи од тоа колку и од нивните политички идеи ќе може да имплементираат тие партии.

СПД на прво место ќе ја стави социјалната политика, Зелените заштитата на климата. Фридрих Мерц знае дека преговорите нема да бидат лесни. Сепак, по сојузните избори постои „политичка одговорност“ за решавање на проблемите во Германија. Ова е „една од последните шанси“ да ѝ се исече на АфД гранката на која седи.

„Ако тоа не се случи, тогаш еден ден популистите нема да имаат само блокирачко малцинство во Бундестагот кое веќе нема да дозволува никакви уставни промени, туку и веројатно ќе се приближат до мнозинство“, рече Мерц. Можниот следен канцелар смета дека СПД, Зелените и ФДП имаат обврска „од која не може да се ослободат“.

 

Германија Дојче Веле избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.