НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Европа мора да плати за украинската безбедност /  Макрон: Не смееме да ја жртвуваме Украина

0
By Zoran Ivanov on February 24, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателите на САД и Франција Доналд Трамп и Емануел Макрон денеска имаа средба во Вашингтон, по која одржаа заедничка прес-конференција во Белата куќа.

Трамп ја отвори конференцијата со нагласување на пријателството меѓу него и Макрон, потсетувајќи на поканата што ја добил за повторното отворање на катедралата Нотр Дам минатата година, како и на последната посета на францускиот претседател на Вашингтон заедно со неговата сопруга.

Тој истакна дека Франција е „најстариот сојузник на Америка“.

Посетата на Макрон на Белата куќа се совпаѓа со третата годишнина од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина. Тој сака да обезбеди клучна улога за Европа и за Украина во дипломатските напори, откако овие две страни беа исклучени од неодамнешните разговори меѓу САД и Русија во Саудиска Арабија за можен крај на војната.

Трамп: Целта на денешната средба е ставање крај на конфликтот во Украина.

 Стотици илјади Руси и Украинци загинаа непотребно, цела генерација е уништена, рече тој, додавајќи дека „многу добри чекори кон мирот веќе се случуваат и дека Макрон имал клучна улога од самиот почеток.

Според него, „ова е вистинскиот момент, можеби и единствениот момент“ за да се стави крај на војната.

Односите меѓу Вашингтон и Киев се затегнати во последниот период. Минатата недела американски и руски претставници одржаа разговори во Саудиска Арабија, на кои Украина не беше поканета.

Подоцна, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Трамп живее во „дезинформациски меур“ креиран од Москва. Американскиот претседател одговори нарекувајќи го Зеленски „диктатор“ и обвинувајќи го дека „ужасно ја води Украина“.

Трамп денеска нагласи дека трошоците за обезбедување мир треба да бидат покриени од европските држави, а не само од САД.

– Европа мора да ја преземе централната улога во обезбедувањето долгорочна безбедност на Украина – што таа и сака да го направи, рече тој.

Трамп ја повтори својата желба да ги врати средствата што САД ги потрошиле за поддршка на Украина, тврдејќи дека износот надминува 300 милијарди долари. Меѓутоа, според достапните податоци, САД всушност потрошиле околу 120 милијарди долари, наведува Би-Би-Си.

Тој, исто така, истакна дека САД „мораат да имаат договор со Украина за критични минерали и ретки метали како дел од безбедносните гаранции“, додавајќи дека во таа насока се прават значителни чекори.

Макрон: Мирот не смее да значи капитулација на Украина

Макрон се обрати на француски, заблагодарувајќи му се на Трамп за пријателството меѓу САД и Франција.

Тој нагласи дека Европа не избегнува одговорност во поддршката на Украина, истакнувајќи дека ЕУ инвестирала 128 милијарди долари во украинската безбедност.

Украина е фронтот за колективната безбедност на цела Европа, рече Макрон, додавајќи дека украинскиот народ покажал извонредна храброст.

Тој потенцираше дека никој не сака свет во кој „волјата на посилниот може да биде наметната, а меѓународно признатите граници да бидат прекршени“.

Францускиот претседател истакна дека разговарале за можноста за примирје што ќе биде мерливо, проверливо и што ќе отвори пат кон траен мир.

Мирот не смее да значи капитулација на Украина или прекин на огнот без гаранции“, рече Макрон, додавајќи дека секој договор мора да ја зачува украинската сувереност и да и овозможи на Украина да преговара за своите интереси со сите засегнати страни.

Тој ја заврши својата изјава со зборовите дека имале „исклучително продуктивни разговории дека „верува дека има пат напред.

 

Макрон средба Трамп Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.