НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кузеска: Нов скандал поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ, една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра

0
By Marija Todorovska on March 13, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ денеска објави нов скандал поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ.

Една иста фирма, во општините кои ги водат градоначалниците на ДПМНЕ но и во институциите добиваат милионски суми од тендерите и најчесто се јавуваат како единствени понудувачи, рече на прес конференција потпаролката Богданка Кузеска.

Станува збор за фирмата Мастеф ДООЕЛ Скопје, која како што вели Кузеска, преку неколку општини и институции во последните 3 години има добиено тендери вредни над 4 милиони евра.

Дополнително, за оваа иста фирма, од унгарскиот кредит, има одлука за избор за проценета вредност од 25.256.509 денари или околу 400.000 евра. Фирмата е омилена на градоначалниците на ДПМНЕ, Кисела Вода, Аеродром, Неготино, рече на прес конференцијата Кузеска.

Таа ги наведе тендерите и следните општини:

Во општина Кисела Вода каде градоначалник е Орце Ѓорѓиевски од ДПМНЕ, за период од 2022 година до 2024 година, оваа фирма има добиено тендери во вредност од 1,7 милиони евра.

Од општина Аеродром, и во време кога градоначалник бил Тимчо Муцунски оваа иста фирма има земено тендери, односно склучени договори тешки речиси 1 милион евра.

Во општина Неготино, каде градоначалник е Стојанов од ДПМНЕ од 400.000 илјади евра.

Од вкупно 13 тендери во овие општини на дури 11 фирмата се јавува како единствен понудувач.

Оваа иста фирма добила тендери и во Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, со Договор од 65,5 милиони денари или околу 1 милион евра.

Најголем дел од договорите се со иста вредност како проценетата вредност.

Ова е првиот сомнеж, дали можеби сумата била однапред договорена?

Богданка Кузеска рече дека за овој голем скандал бараат институционална реакција, Јавното обвинителство и ДКСК веднаш да постапат.

ДКСК ДПМНЕ Кузеска општини тендери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.