Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, противник на претседателот Ердоган, да биде задржан во притвор, јавија турските медиуми.
Приведувањето на Имамоглу, предизвика масовни протести, и покрај тоа што властите ги зајакнаа безбедносните мерки на бројни централни улици и ги забранија сите собири и демонстрации во градот до 26 март.
Стотици луѓе се приведени во новите протести против приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, соопштија денеска властите.
Турското Министерство за внатрешни работи на „Х“ напиша дека 323 лица биле приведени поради бранот демонстрации вчера.
Протести се одржаа во Истанбул, Анкара, Измир и други градови, со илјадници учесници и покрај забраните за демонстрации.