НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кешишев за прв пат ги видел Панче и Вања по објавите на Фејсбук за нивно исчезнување, неговата улога била да чува стража

0
By Marija Todorovska on April 2, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинетиот Влатко Кешишев денеска во Основниот кривичен суд изјави дека Панче и Вања за прв пат ги видел по објавите на Фејсбук за нивното исчезнување. Тој денеска сведочеше за нивните грабнувања при што според неговите одговори за истите во главно имал улога да чува стража.

Сите обвинети, како што посочи, ги запознал во Опера Хаус во 2021 кога со штипски сопартиец зборувале за Движење Трета.

Палчо го запознав на демонстрација, протест во Скопје и повеќе се запознавме во хотелот Опера Хаус, таму ги запознав и Велимир и Боро, рече тој.

Обвинетиот Александар Ѓорчевски, како што посочи, за прв пат го видел во судница.

Кешишев денеска рече дека присуствувал на копањето на дупката во Велес, мислејќи дека барале злато.

Да, тоа беше во 2022 во недела дојде Велимир во работно одело отидовме на местото Рудник, од кај Катланово, таму имало многу стар пат што бил за Велес и од таму се оди за Рудник. Кога стигнавме таму извадив копаче и лопата и тргнав со него. Во прв момент помислив дека бараме злато бидејќи не ми беше кажано ништо, стигнавме до одредена длабочина, се спакувавме и се вративме назад, без зборови, рече тој.

Дополни дека повторно се враќале, копале и не разговарале ништо.

Третиот пат кога копавме Вељо ми кажа дека за ова не треба никој да знае, може и глави да летаат. Ме предупреди да имам до знаење. Бидејќи дупката била замислена за намена за киднапирање на лица. После се вративме во штабот и Вељо му кажа на Палчо до која длабочина. Потоа ја завршивме дупката до таа замислена длабочина. Вељо стави капак од даски и се вративме назад во штабот и му кажав на Палчо дека е сѐ во ред и дека има доволно длабочина, дополни тој.

Кешишев рече дека ги слушал Велимир и Палчо како разговарале на таа тема за грабнување.

Во почетокот ги слушав не мислев дека имаат сериозна намера бидејќи толку време помина, гледам ништо не се случува и јас го сметав тоа како желба, како фантазија, рече тој.

На прашањето кој беше иницијатор, одговори дека не знае точно

Точно не знам кој беше иницијатор. Прво тој муабет го почнуваше Вељо, рече тој.

Кешишев одговори потврдно на прашањето дали знае каде живее обвинетиот Велибор Манев и дал има одено во неговиот дом, при што посочи дека претходно таму бил за партиски активности и на слава, а последен пат при грабнувањето на Панче.

На снимките презентирани од дворот на обвинетиот Манев се гледа дека пристигнуваме со Рено Кангу и по пристигнувањето од совозачкото место каде што седите вие вадите еден ранец, може ли да го опишете, праша неговиот адвокат.

Темно плава, тегет, внатре немам отворено, не знам што имам бидејќи беше на Палчо, тој си го носеше со него, а вообичаен не претурам по туѓи работи. Ранецот и ќесата со мотороли ги однесовме во гаражата, каде што пиевме кафе и се договараа што како да биде, рече тој.

Прашан што разговарале таа вечер, Кешишев одговори дека се разговарало за Панче, каде живее и како да се пријде до него, до куќата.

Во домот на Велибор се задржавме пола саат. Потоа земаа токи воки тројцата и тргнаа спрема куќата на Панче, мене ме оставија да го земам Кангуто и да чекам долу на страна на патот за да се вратат тие, рече тој.

Прашан која беше целта во разговорите за грабнувањето на Панчо, одговори дека целта била возилото.

Целта била за возило пред сѐ, човек што живее сам, што нема да го барате, за да бидат полесни околностите, да се грабне возилото за друга намена, рече тој.

Кешишев рече дека грабнувањето на Панче било успешно вториот пат „утрето сабајле, кога отидовме рано наутро јас и Палчо со кангуто и ме остави мене на паркинг плац покрај пругата. Вељо имаше Моторола со која му кажуваше на Палчо дека патот е чист, рече тој. Посочи дека разбрал дека Панче е грабнат и убиен дури откако се вратиле во партијата.

На прашањето што се случува во деновите по грабнувањето на Панче и пред грабнувањето на Вања, рече дека останал со Палчо.

Кога излезе сликата на фејсбук од Панче јас и Палчо бевме сами, мислев да одам за Штип некој ден, Палчо ми кажа дека му требам, да останам таму, рече тој.

Прашан дали некогаш со Палчо одел во обиколка каде што живее Вања, одговори негативно.

Немам одено во обиколка. Само знаев дека се работи за уцена, за пари, појма немав за кои лица се работи. Не знаев колку пари и кој треба да ги земе. Еднаш му кажав на Палчо, мислев дека тоа беше пред да се случи тоа со Панче, дека не се потребни такви работи, тој ми кажа, може и самиот да потврди, да ќутам, да седам на страна и да не се мешам и јас немав право на збор, рече Кешишев.

Меѓу Палчо и Вељо беа сите договори и планови, дополни тој.

Договараа што како да биде, тој муабет се правеше подлого време и поверував кога се случи тоа, рече тој.

Прашан каква била неговата улога во грабнувањето на Вања, одговори „ми беше кажано да ја поместам колата до влезот, до скалите, да го отворам гепекот и да седнам на совозачко“.

Утрото кога ја грабнавме Вања тргнавме од штабот со Кангуто до Радишани Палчо, Вељо, јас, Боре, каде што беше паркиран Цитроенот. Таму ме остави Палчо и ние тројцата влеговме во Цитроенот. Тој тргна пред нас со Моторола, а Вељо го возеше Цитроенот до местото, рече Кешишев.

Потоа, откако пристигнале на местото, посочи дека останал подолу.

Чекав таму цело време, стоеја, разговараа, потоа се завртев, гледав дека работат, копаат, следниот пат кога се завртев, Палчо во раката држеше пиштол, тоа јасно се гледа, пак се завртев спрема патот да не наиде некој, потоа слушнав истрел, пукање, тапо, рече Кешишев.

Дополни дека откако завршиле, Палчо ги избришал лопатите и копачот со WD40, и ги ставил во Рено Кангу.

Влеговме позади Боре и јас, а по нас со Цитроенот тргна Велибор, излеговме на асфалтот кај местото Бразда и на едно 500 метри ми кажа лопатите и копачот да ги фрлам во една дупка покрај патот, јас ги фрлив и продолживме спрема местото каде што требаше да се запали Цитроенот, рече тој.

По палењето на Цитроенот, како што дополни, се вратиле во штабот и по кратко време Велибор и Боре тргнале за Велес, а Палчо останал.

Кога го прашав што е ова, не ми одговори ништо, јас се повлеков во кујната. Не ми беше јасно за целите настани што се случија, немаше одговор од него, доволно ми беше што го видов на слика детето на фејсбук, рече тој, дополнувајќи „сите бевме замислени, секој на свој начин, не разговаравме ништо“.

Прашан дали знае чив е пиштолот и мотролите што се користеле, одговори „Не можам да тврдам, што сум слушнал овде дека бил на Боре“. Во однос на прашањето каде се наоѓа пиштолот и мотролите, одговори „мислам дека сѐ беше во Ранецот оставено, а ранецот секогаш го носи Палчо“. Потоа Кешишев сведочеше во однос на патувањето на Палевски за Белград.

На крајот од испитувањето од неговиот адвокат, на прашањето дали на местото „Дупки“ слушнал истрел исто како на местото Бразда, одговори „слушав малку ама беше подруг звукот”.

Испитувањето продолжи со прашања од обвинителството.

Вања грабнување кекишев Палчо Панче сведочење Суд убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.