Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Mинимална плата од 500 евра, во спротивно генерален штрајк или протест

0
By Marija Todorovska on April 2, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 2, 2025 13:42

Членовите на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија пред Владата побараа повлекување на одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари и намалување на платите на избраните и именуваните лица на ниво на минимална плата. Од ССМ побараа да запрат и нападите врз синдикатите.

Денеска сме тука да ви упатиме последна порака – не може да се одлучува за нас, без нас. ССМ пред две години организираше генерален штрајк во цеиот јавен сектор. На чекор сме до генерален штрајк во целата држава. Денеска бараме од вас да бидете луѓе онака како што сме ве избрале. Да не се однесувате кон работникот, како кон луѓе од трета категорија и да бидете на ниво на задачата. Денеска сме тука пред Владата како најголем работодавач да побараме да се почитуваат колективните договори и да се зголемат платите во јавниот сектор, рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Упати предлог до премиерот Христијан Мицкоски заедно да земаат минимална плата од 500 евра, а да се зголемат останатите плати за 100 евра.

Доколку не се зголеми минималната плата, раководството на ССМ најавува генерален штрајк, а доколку не се зголемат платите на работниците, најавуваат протест.

Не сме тука да ја рушиме Владата, туку да ги зголемиме платите, рече Трендафилов.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски истакна дека за првпат е донесена одлука за зголемување на минималната плата без консултација на синдикатот.

Првата Влада која смислено ја одзема репрезентативноста на ССМ само за да нема Економско-социјален совет. Прва Влада во историјата на Македонија која реши 129 илјади вработени во јавниот сектор кои зависат од минимална плата да ги остави да ги изедат газдите од приватниот сектор. Со 1.890 денари во управа и правосудство 58 отсто моментално се под просек. Не се плашиме, ниту ќе се плашиме. Ве чекаме да не викнете, ако не, сами ќе си дојдеме, рече Деаноски пред Владата.

Претходно,  раководството на ССМ пред Собранието побара од пратениците да изгласаат одлука за зголемување на минималната плата на 500 евра, а во спротивно да ги намалат нивните плати на ниво од минимална плата.

Членовите на највисоките тела на ССМ упатија и порака до работодавачите барајќи од нив да ги зголемат платите на работниците за да не бидат виновни за иселувањето на работничката сила.

И ненормалното стана нормално во оваа држава. Ако секоја година се иселуваат 10.000 млади работници, сакаме да им кажеме на работодавачите дека повеќе нема да работиме за мизерни плати, порача претседателот на Синдикатот на СИЕР, Игор Герасов.

Според Владата, висината на минималната плата е легитимна и утврдена согласно критериумите во Законот за минимална плата. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска изјави дека одлуката за зголемување на минималната плата од 1.800 денари е донесена согласно законот

минимална плата протест ССМ трендафилов штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.