Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Вистински напредок во однос на правосудството и борбата со корупцијата може да се очекува само со интеграција во ЕУ

0
By Zoran Ivanov on April 7, 2025 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, СТАВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 7, 2025 21:27

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче е во посета на Брисел каде што учествува на конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д „Вили Брант“ за проширување на ЕУ“, која се одржа во Брисел.

Во изјава за Македонската медиумска агенција тој вели дека евроинтеграциите во моментов се целосно закочени за Македонија и тоа е резултат на незаинтересираноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За жал, чувството кога седиме на вакви состаноци е една голема фрустрација. Гледаме како околните земји кажуваат и објаснуваат како напредуваат, гледаме што прави Албанија, со која што до пред некој месец водевме паралелно кон европскиот пат. Сега тие имаат конкретен план преговорите да ги завршат до Божиќ 2027 година и да станат земја членка на ЕУ до 2030 година. Гледате како една интензивна работа ја носи државата напред.

Според претседателот на СДСМ, владата нема ниту идеја, ниту волја да направи конкретен чекор напред.

Ние сега не може да се пофалиме со ништо, ние сме заглавени во место. Оваа Влада ниту има идеја, ниту има желба да направи чекор напред во евроинтеграциите. Јасно е што треба да се направи – меѓународните договори мора да се почитуваат, меѓутоа слатките зборови на претставниците на Владата повеќе никој не им верува. На сите им е јасно дека Македонија не може да оди напред со оваа Влада – се нема никаква желба, ниту идеја, ниту план.

Филипче рече дека вистинскиот напредок на државата во сите сфери и особено во делот на правосдуството и борбата со корупцијата може да се очекуваат само со интеграција на државата во ЕУ.

СДСМ ќе биде секогаш тука да ги поддржи сите процеси коишто значат развој на земјата, коишто значат подобар и поквалитетен живот на нашите граѓани. Ние може да разговараме за некакви ад хок решенија, меѓутоа сите тие решенија се краткотрајни. Вистинскиот напредок, вистинскиот прогрес, вистинските резултати – тоа што граѓаните сакаат да го видат – се темелат на зајакнување на правосудството, на подигнување на стандардот, а со тоа и почеток на сериозна борба на корупцијата во нашата земја, зајакнување на социјалата, образованието и здравството. Впрочем, тоа се барањата на граѓаните, а тоа може да се направи само, исклучиво преку процесот на евроинтеграција.

Брисел ДПМНЕ ЕУ Интеграции Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.