Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештаи на ЕП за Србија и Косово: Потребно е избегнување на еднострани активности – ЕУ да ја преиспита финансиската помош за Белград

0
By Zoran Ivanov on April 9, 2025 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 9, 2025 19:09

Србија бележи позитивни резултати во макроекономската стабилност и фискалната дисциплина, но нема напредок во владеењето на правото и слободата на медиумите, а загриженост предизвикуваат и блиските односи со Русија, се оценува во Извештајот на Европскиот парламент за Србија.

Српските власти треба да покажат силна политичка волја и доследност во спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ и недвосмислено да комуницираат со граѓаните за Унијата и за европскиот пат на Србија, се наведува во Извештајот.

Во документот се посочува дека Србија е на „добро ниво“ на подготовка во однос на макроекономската стабилност и фискалната дисциплина, но дека има „ограничен“ или „никаков“ севкупен напредок во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ во клучните области како што се владеењето на правото, слободата на медиумите, реформите во јавната администрација и усогласувањето со политиките на Унијата, особено во делот на надворешната политика.

Според известувачот на ЕП за Србија, хрватскиот европратеник Тонино Пицула, долгата политичка криза, интензивирана поради недостигот на напредок во основните критериуми, како што се корупцијата, владеењето на правото, слободата на медиумите и изборните реформи, има директно влијание врз напредокот на државата кон членство во ЕУ.

Тој процес е заснован на заслуги, а напредокот на Србија може да има позитивно влијание врз целиот регион, додаде Пицула.

Косово постигна напредок во изборните реформи, економската отпорност и заштитата на основните права, но заедно со Србија мора да избегнува еднострани активности кои го поткопуваат процесот на дијалог Белград-Приштина, се наведува во Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Косово во 2023 и 2024.

Во документот се повикува и на „итно укинување“ на рестриктивните мерки на ЕУ против Косово, кои, според европратениците, повеќе не се оправдани, бидејќи Приштина ги исполнила барањата на ЕУ. Во текстот се потенцира дека овие мерки се „во голема контрадикторност со посветеноста на Косово на европските вредности“ и го попречуваат продолжувањето на дијалогот Белград-Приштина.

Европратениците оценуваат дека овој дијалог досега не ги даде очекуваните резултати и ги повикуваат Косово и Србија да ги спроведат договорите од Брисел и од Охрид и да се формира на Заедницата на општини со мнозинско српско население, а од Белград се бара да престане со противењето на членството на Приштина во регионални и меѓународни организации.

Во Извештајот, исто така, се повикуваат Белград и Приштина да избегнуваат еднострани активности кои би можеле да го поткопаат процесот на нивниот дијалог.

Известувачот на ЕП за Косово, естонскиот европратеник Рихо Терас оцени дека на процесот на интеграција на Косово му треба нов моментум и дека е потребно ново поглавје во разговорите меѓу Приштина и Белград.

Исклучително позитивно е тоа што сите големи партии на политичкиот пејзаж на Косово се силно за интеграција во ЕУ. Иднината на Косово е во европското семејство, заснована на Реформската агенда и ние мора да работиме заедно, Терас.

2023-2024 ЕП извештаи Косово Ссрбија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.