НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лавров: Не е лесно да се постигне мировен договор со САД за Украина

0
By Zoran Ivanov on April 15, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека постигнувањето договор со САД за мир во Украина „не е лесно“, додека Москва и Вашингтон продолжуваат со контактите во обид да најдат начин за прекин на војната што трае повеќе од три години.

Клучните компоненти на решението за мир не се лесни за договор. Тие сè уште се предмет на дискусија, рече Лавров во интервјуто за рускиот весник „Комерсант“, објавено доцна синоќа, одговарајќи на прашање дали Русија и САД веќе ги формулирале главните параметри за можен сеопфатен договор за Украина.

Потсетувајќи дека  Владимир Путин уште во јуни минатата година ги истакнал очекувањата на Москва од потенцијалниот договор, Лавров рече дека „оваа позиција не е некаков вид барање“.

Уште еднаш потенцирам, оваа позиција цврсто се темели на формулациите во Повелбата на Обединетите нации, на многубројни конвенции и на резултатите од референдумите, односно на изразената волја на народот во соодветните територии, додаде Лавров, осврнувајќи се на украинските територии што Москва ги анектираше во 2022 година.

Коментирајќи ги разговорите за мир со Вашингтон, Лавров рече дека „здравиот разум“ ја води политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој истакна дека Русија и САД како „одговорни меѓународни актери“ имаат обврска да сторат сè што е можно за судирот на различни интереси да не прерасне во конфронтација.

А во оние случаи кога интересите ќе се совпаднат, должни сме да направиме сè што можеме за да не го пропуштиме моментот и таа случајност да ја преточиме во заемно корисни проекти, додаде Лавров.

Рускиот министер, исто така, посочи дека Москва добро разбира како изгледа договор што би бил од заемен интерес, но и како изгледа договор што би ја вовел Русија „во нова замка“.

 

договр Лавров САД тешко Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.