НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација

0
By Marija Todorovska on April 17, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Pixabay
Фото: Pixabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби по судовите низ земјата за да спречат нивна депортација од имиграциските служби, откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп неодамна почнала да им го укинува правото на престој во земјата, јавуваат дел од американските медиуми.

Судии во Масачусетс, Монтана, Пенсилванија, Висконсин и Вашингтон (округ Колумбија) неделава издале вонредни наредби со кои им се забранува на имиграциските власти да преземаат дејства против студентите, се дознава од извештаите.

Румејса Озтурк, турска студентка на постдипломски, неодамна среде бел ден беше задржана од службеници на имиграцијата облечени како цивили, а поради наводни критички ставови во однос на војната на Израел во Газа. Мохсен Махдави, лидер на студентските пропалестински протести во универзитет Колумбија во понеделникот беше уапсен во здание на имиграциската служба каде имал закажано да положи испит за добивање американско државјанство. Тие моментално се во притвор во Луизијана и чекаат можни одлуки за депортација што се оспоруваат на суд,

Над 600 странски студенти, професори и научни истражувачи во околу 90 американски универзитети останале без визи, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на судски тужби и изјави од адвокати.

Во меѓувреме, Канадската асоцијација на универзитетски професори ги советуваше канадските научници да се воздржат од непотребни патувања во САД. Голема претпазливост се советува за научниците чии земји се во конфронтација со САД, и кои критички се изразувале за политиките на американската администрација и чии истражувања може да се сметаат за спротивни на ставовите на Белата куќа. За претпазливост се советуваат и оние чии патни документи содржат род различен од тој што им бил доделен при раѓање

депортација САД студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.