Семејствата и насобраните на протестниот марш за жртвите од Кочани се пред Собранието додека внатре се одвива интерпелација на министерот Тошковски.
Семејствата побараа одговорност, побараа правда и се слушаа извици „отказ“.
Нема никаква утеха. Нема никаква правда.
Црквата кажува дека ова било божја волја. Ова не е божја волја ова е убиство.
Да си ја вршеле одговорните работа немало да дојде до ова, вели еден од присутните родители на маршот.
Ако има некој доблест нека излезе велеа родителите стоејќи пред Собранието.