Најмалку 29 лица се повредени во руски напад со беспилотни летала врз украинскиот град Запорожје, а гувернерот на регионот, Иван Федоров, ги обвини руските сили дека гаѓале цивилни објекти.
„Станбени згради, универзитет и инфраструктурен објект се оштетени“, напиша утринава Федоров на комуникациската платформа Телеграм.
Украинските воздухопловни сили регистрираа дополнителни штети во ноќните напади со беспилотни летала во регионите Донецк и Дњепропетровск.
Украинските противвоздушни сили соопштија дека Русија лансирала околу 150 беспилотни летала, од кои повеќето биле пресретнати од украинската одбрана.