Аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив најверојатно бил погоден од балистичка ракета испукана од Хутите, јавуваат израелските медиуми.
Најмалку шест лица се ранети во нападот. Меѓу нив се маж на околу 50 години со повреди на екстремитетите и две жени, на возраст од 54 и 38 години, кои, според „Тајмс оф Израел“, се во добра состојба.