НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентите од Србија пристигнаа во Стразбур ќе разговараат со европратениците

0
By Marija Todorovska on May 8, 2025 ВЕСТИ, РЕГИОН, ФЛЕШ ТРИ
Фото: Скриншот Н1
Фото: Скриншот Н1
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Студентите маратонци кои веќе 13 дена трчаат во штафета кон Брисел, денес прават пауза во Стразбур, каде што беа пречекани синоќа. Тие ќе ја искористат можноста да го посетат Европскиот парламент и да разговараат со европратениците.

Тие беа пречекани од Србите од дијаспората, но и од Французите кои живеат во тој град.

Им беше приреден свечен прием, им беа доделени медали, а ја отпеаја и својата песна  “Freed from desire”.

„Добредојдовте“, вака Вероник Бертол, заменик-градоначалничка, го започна своето обраќање до српските студенти кои трчаа кон Брисел и кои вечерта пристигнаа во Стразбур, и како што рече,пренесува Н1 .

Фото: Скриншот Н1
Фото: Скриншот Н1

„Ова е втора делегација студенти што ја пречекуваме во Стразбур за помалку од еден месец. И ви благодариме! Ви благодариме што го избравте Стразбур како едно од местата каде што ќе застанете на вашиот пат за правда, демократија и крај на неказнивоста. Со тоа што го избравте Стразбур на вашиот пат, не направивте грешка, демократијата е изградена во нашиот град и се брани во него. Ви благодариме што истрчавте овој пат, повеќе од 1.400 километри, потсетувајќи нè дека сите сме жртви на корупција и судир на интереси, без разлика каде живееме, дури и граѓаните на ЕУ, ви благодариме што ги разбивате стереотипите на младите луѓе – дека се апатични и не се заинтересирани за политика. Вие сте спротивното од тоа и тоа е лекција за сите нас, и искрено се надевам дека ќе ја добиете Нобеловата награда за мир, бидејќи ја заслужувате“, рече Бертол.

 

 

европратеници Србија Стразбур студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.