НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курдската работничка партија се самораспушта и го запира вооружениот конфликт против турските власти

0
By Marija Todorovska on May 12, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Скриншот Al Jazeera
Фото: Скриншот Al Jazeera
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Курдската работничка партија (ПКК), која е прогласена за терористичка организација во Турција, ЕУ и САД, објави дека се распушта, со што се става крај на вооружената борба против турските власти, јави ТРТ Хабер.

Според официјалното соопштение на ПКК, на 12-тиот конгрес на организацијата, одржан од 5 до 7 мај, е донесена конечна одлука за распуштање. „Вооружената борба заврши, оружјето е оставено“, се наведува во одлуката на конгресот.

ПКК е вооружена група формирана од Абдула Оџалан во 1978 година во Југоисточна Турција. Идеологијата на групата се базира на марксистичко-ленинистички идеи. Непосредно по воениот удар во Турција во 1980 година, Оџалан побегнал во соседна Сирија. Четири години подоцна, тој започнал вооружена борба против Анкара.

Подоцна, Дамаск ја прекинал поддршката за Оџалан поради закана од војна со Турција во 1998 година. Сириските власти ги затвориле камповите на ПКК и го протерале лидерот на движењето. Оџалан е уапсен во главниот град на Кенија, Најроби, на почетокот на 1999 година и екстрадиран во Турција, каде што е осуден на смрт за велепредавство и тероризам. Подоцна казната му е заменета со доживотен затвор, и тој е затворен на островот Имрали во Мраморното Море, каде што поголемиот дел од времето е во изолација.

Во октомври минатата година, лидерот на Партијата на националистичката акција (ПНА) и главен политички сојузник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Девлет Бахчели, ја шокираше Анкара со навестување дека Оџалан би можел да биде ослободен, под услов да прогласи крај на вооружената борба на својата организација. Владејачката Партија на правдата и развојот (ППР) на Ердоган ја поддржа иницијативата, по што Прокурдската партија ДЕМ (Партија за еднаквост и демократија на народите) , која се залага за поголеми права и автономија на Курдите, одржа разговори со Оџалан во затворот на островот Имрали.

По средбите меѓу претставниците на ДЕМ и Оџалан, на 27 февруари курдскиот бунтовнички лидер упати историски повик за распуштање на ПКК и ставање крај на вооружената борба, во која од 1984 година досега загинале десетици илјади луѓе.

курдиска работничка партија Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.