Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои можност тој да се приклучи на разговорите меѓу Русија и Украина во четврток во Турција.
Мислам дека средбата во четврток во Турција меѓу Русија и Украина може да има добри резултати, рече Трамп денеска на настан во Белата куќа, пренесе Ројтерс.
Трамп, кој ќе ги посети земјите од Персискиот залив од утре до 16 мај, рече дека размислува да „прелета“ во Турција и да се приклучи на преговорите.
Не знам каде ќе бидам во четврток. Имам толку многу состаноци, но размислував да летам таму. Постои можност за тоа, претпоставувам, им рече тој на новинарите во Белата куќа.