Родителите на загинатите и на повредените како и граѓани денеска попладне се на нов протесен марш во Кочани кои бараат огговорност за трагедијата со пожарот во кочанслата дискотека во која живото го загубија 62 млади и околу двесте беа повредени.
.„Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“„Бараме правда“, „Не чекајте твоето дете да биде следно“,беа некои од пораките кои семејствата на загинатите ги упатуваа на претходниѕе протестни поворки до градските и државните институции во градот.
Семејствата на жртвите бараат независна, темелна и неселективна истрага и најавија дека доколку не ја добијат правдата во земјава, тогаш ќе ја бараат пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.