НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК за 2025 предвидува раст на македонската економија и платите и пад на инфлацијата

0
By Marija Todorovska on May 19, 2025 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Растот на македонскиот БДП се предвидува постепено да забрзува во 2025 година, поддржан од големите јавни инфраструктурни проекти и зголемената потрошувачка на домаќинствата, како резултат на силниот раст на платите и намалувањето на инфлацијата, се наведува во Економската прогноза „Пролет 2025“ на Европската комисија во делот посветен на земјава.

Растот на БДП забрза во 2024 година, поттикнат од инвестициите и јавната потрошувачка. Вкупната инфлација продолжи да опаѓа, но сепак повторно се зголеми кон крајот на годината, главно поради базните ефекти, се наведува во прогнозата.

Според ЕК, реалниот македонски БДП во 2024 година се зголемил за 2,8 отсто, на што покрај растот на инвестициите и јавната потрошувачка, влијание имало и зголемувањето на платите во јавниот сектор.

 Придонесот на надворешниот трговски биланс кон растот беше негативен поради забавувањето на извозот, во голема мера како резултат на слабоста на германската економија, најголемиот трговски партнер на Северна Македонија. Буџетската сметка во 2024 година повторно се врати во дефицит, бидејќи се влоши трговската размена на стоки, а се намалија и дознаките од странство, се наведува во документот.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕК додава дека фискалниот дефицит во 2024 година се покажал помал од ревидираната цел на Владата, делумно поради недоволна имплементација на капиталните расходи.

Иако постепено ќе се намалува во текот на прогнозниот период, фискалниот дефицит веројатно ќе остане над четири отсто од БДП и во 2025 година, бидејќи недостасуваат конкретни мерки за зголемување на приходите, додека тековните расходи се очекува значително да се зголемат, се оценува во документот.

Според ЕК, реализацијата на проектите во рамки на трансевропските коридори 8 и 10д, ќе даде силен поттик кон домашната побарувачка во 2025 и 2026 година, со оглед на високиот удел на домашни вложувања, а се предвидува и понатамошното зголемување на платите и пензиите, намалување на инфлацијата и олеснување на условите за кредитирање, што се заедно ќе обезбедат поттик за потрошувачката на домаќинствата.

Сепак, се очекува нето извозот да го забави растот во двете години, со оглед на бавното економско закрепнување на главните извозни пазари, особено во автомобилскиот сектор, како и на зголемувањето на странските вложувања за поттикнување на инвестициите и извозот. Сепак, негативното влијание на надворешната рамнотежа врз растот би се намалувало секоја година врз основа на очекувањата за постепено зајакнување на надворешната побарувачка и зголемување на капацитетите за производство на метали, кои се клучен извозен производ, се наведува во прогнозата.

ЕК наведува дека добро прилагодената монетарна политика и намалувањето на притисоците врз цените од увоз резултира со намалување инфлацијата во 2024 година во просек на 3,5 отсто. Во документот се потенцира дека како резултат на укинувањето на контролните мерки на цените на основните прехранбени производи инфлацијата забележа раст лани во септември, но и дека секундарните ефекти од високите цени на енергијата и храната врз другите сектори полека се намалуваа.

Централната банка постепено ја намалуваше основната каматна стапка од 6,30 отсто во септември 2024 година на 5,35 проценти во февруари 2025 година. Се предвидува дека инфлацијата ќе остане над два отсто во 2025 и 2026 година, со потенцијални притисоци врз домашните цени од растот на платите и кредитите, се вели во прогнозата.

Комисијата посочува и дека во втората половина од минатата година е регистриран раст на вработеноста, бројот на невработени се намали, но продолжи да паѓа и бројноста на работната сила, иако со побавно темпо отколку во претходната година.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на „IRD Engeineering“, Паоло Орсини денеска во Владата ќе го потпишат договорот за надзор и правен трансакциск

Просечните бруто номинални плати во просек во 2024 година се зголемија за 12,9 отсто на годишно ниво, што е малку помалку отколку во 2023 година. Реалните плати веројатно ќе се зголемат и во 2025 година, главно поради континуираното спроведување на колективниот договор за плати од 2023 година за јавниот сектор и зголемувањето на минималната плата во март 2025 година, во услови на понатамошно опаѓање на инфлацијата, се посочува во пролетната прогноза на ЕК.

Во неа натаму се наведува дека македонскиот фискален буџетски дефицит во 2024 година изнесуваше 4,4 отсто од БДП, што беше под владините цели од 4,7 проценти.

 Дефицитот се очекува постепено да се намалува оваа и следната година, но фискалната консолидација ќе остане бавна. Не се предвидени мерки за зголемување на приходите, а плановите за собирање дополнителни приходи од формализација на неформалната економија и од подобрување на даночната администрација остануваат нејасни. Сепак, задолжителните расходи се зголемуваат, особено за платите и пензиите во јавниот сектор, се наведува во документот.

Комисијата предвидува и дека капиталните расходи во земјава постепено ќе се зголемуваат од 3 отсто од БДП во 2024 година на 5,7 проценти во 2026 година, првенствено поради доспевање на отплата на една еврообврзница, но и растот на трошоците за суверено задолжување и на расходите за камати.

Според ЕК, главни ризици по економскиот раст остануваат послабата домашна побарувачка од очекуваната и намалените изгледи за вработување поради високиот раст на платите, додека кога станува збор за инфраструктурните проекти од коридорите 8 и 10д, тие би можеле да се соочат со ризици при имплементацијата ако нема значителен напредок во подобрувањето на управувањето со јавните инвестиции.

Сепак, од друга страна, структурните реформи, поттикнати од Планот за раст на ЕУ, би можеле да ги зголемат продуктивноста и растот, се заклучува во делот посветен на земјава во пролетната економска прогноза на Европската комисија.

БДП ЕК ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.