Српскиот претседател вечерва на прес конференција во Заечар, општината која е прогласена за тест за политичкото расположение на српските граѓани, а во која се одржаа вонредни избори на локално ниво, ја демантираше победата на опозицијата.
Српскиот претседател се повика на записниците од избирачките места кои, според него, во Зајачар владеачката партија сепак има мнозинство од гласовите.
Србија во наредните два дена ги очекува конечните официјални резултати од овие локални избори кои јавноста ги оценува како клучни за промена на власта.