Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел: 80.000.000 ЕУ евра за реформи во Црна Гора

0
By Zoran Ivanov on June 10, 2025 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 10, 2025 19:36

Министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, денеска потпиша финансиски договори со Европската Унија во вредност од 80 милиони евра за повеќегодишни програми за заштита на животната средина, вработувања и социјална инклузија, пренесе агенцијата Мина.

– Потпишавме два важни финансиски договори во вкупна вредност од над 80 милиони евра. Ова се европски средства што ќе стигнат до секој дел од Црна Гора за луѓето да имаат подобар живот уште денес, изјави Горчевиќ. Таа нагласи дека овие договори се клучен чекор за зајакнување на капацитетите на државата за спроведување реформи и градење одржливо општество, како и потврда за посветеноста на Црна Гора кон европската интеграција и принципите на одржлив развој.

– Пораката е јасна: Црна Гора знае каде оди, верува во европските вредности и гради општество во кое развојот, еднаквоста и достоинството се реалност, а не ветување, заклучи Горчевиќ.

Според Министерството за европски прашања, првиот договор, поврзан со Оперативната програма за животна средина и климатски промени, има за цел заштита и подобрување на природниот капитал на земјата, како и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните од ризиците предизвикани од климатските промени. Програмата опфаќа четири клучни области: управување со урбаните води, управување со отпадот, заштита на природата и адаптација на климатските промени, со дополнителна поддршка за еколошкиот сектор. Вкупната вредност на оваа програма изнесува 48,5 милиони евра. Активностите се усогласени со клучните показатели од Акцискиот план за Поглавје 27 (Животна средина), дел од преговорите за пристапување во ЕУ.

Вториот договор се однесува на Оперативната програма за вработување и социјална инклузија, во вредност од 31,6 милиони евра. Оваа програма цели да промовира инклузивен и одржлив економски раст преку три главни области: инклузивен пазар на труд, социјална заштита и инклузија, како и зајакнување на административните капацитети. Програмата се стреми да создаде услови за целосно и продуктивно вработување и достоинствена работа за сите, особено за ранливите групи.

Пратеници од Европскиот парламент истакнаа дека овие активности го поддржуваат затворањето на преговорите за Поглавја 19 (Социјална политика и вработување) и 23 (Правосудство и основни права) и ја подобруваат подготвеноста на Црна Гора за ефективно спроведување на политиката на кохезија по идното пристапување во ЕУ.

 

ЕУ пари реформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.