Американскиот претседател Доналд Трамп денес го повика Иран да склучи договор за неговата нуклеарна програма, наведувајќи дека Техеран сè уште има време да спречи понатамошен конфликт со Израел и предупреди дека последователните напади ќе бидат уште пожестоки.
Сите се мртви сега, и само ќе биде полошо. Веќе имаше многу смрт и уништување, но сè уште има време да се запре овој масакр, бидејќи следните напади што веќе се планирани се уште побрутални“, напиша Трамп.
Тој додаде дека Иран мора да постигне договор, пред да остане ништо, а за да го спаси она што некогаш беше познато како Иранска империја.
Преговорите за нов нуклеарен договор со Иран се интензивираа во последните недели, но инсистирањето на Техеран на правото да збогатува ураниум беше голема пречка.