НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иран: Гори најголемото поле од природен гас во светот – црн чад го покри небото

0
By Zoran Ivanov on June 14, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Експлозија се случи во Фаза 14 од гасното поле Јужен Парс во Иран. Тоа е најголемото поле на природен гас во светот што го делат Иран и Катар.

Првите снимки од експлозијата се појавија и на социјалните мрежи. На нив може да се види голем пожар, додека црн чад го покрива небото.

Иранските државни медиуми, пренесува „Слободен печат“, ги потврдија неодамнешните напади врз рафинеријата за гас „Фаза 14 Јужен Парс“, рафинеријата за природен гас „Фаџр Џам“ и пристаништето за течен природен гас „Канган“ на брегот на Персискиот Залив, сите во покраината Бушер во јужен Иран.

Израел се чини дека започнал напади врз економскиот сектор на Иран, првенствено составен од објекти за природен гас и нафта долж Персискиот Залив.

Вчера, 13 јуни, израелската армија ја започна операцијата „Подемот на лавот“ против иранските врвни функционери, воени објекти и нуклеарни научници, во една од најголемите воени ескалации на Блискиот Исток во последните децении, во која, според ирански извори, беа убиени десетици луѓе, вклучувајќи и врвни воени функционери.

Техеран одговори во операцијата „Вистински одговор 3“ со испукување четири баражи од балистички ракети кон Израел, при што загинаа три лица, а десетици беа повредени.

гас Иран пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.