НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани, градското собрание во Лос Анџелес вечерва во боите на македонското знаме

0
By Marija Todorovska on June 16, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија ќе биде осветлено во црвена и жолта боја, боите на македонското знаме, од вечер во 20:00 часот, до вторник наутро во 6:00 часот, по локално време, во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани.

Во објавата споделена на фејсбук профилот на македонската православна црква на Пресвета Богородица во Лос Анџелес, се упатува повик за присуство на овој настан за оддавање почит на жртвите од неодамнешната трагедија во Кочани.

Изразуваме длабока солидарност со луѓето во Кочани, со глобалната македонска заедница и со сите погодени, додека продолжуваме да жалиме за оваа срцепарателна загуба. Оваа трогателна почит, која се оддава на три месеци од несреќата, ќе биде потсетник дека нашето единство и сочувство, дури и преку океаните, остануваат непоколебливи. Искрено му благодариме на градскиот советник Сото – Мартинез од областа 13, на неговиот прекрасен тим и на градот Лос Анџелес за нивната солидарност со македонскиот народ, стои во објавата на фб профилот на македонската црква.

Градскиот советник Хуго Сото – Мартинез по повод настанот насловен „Македонски ден на сеќавање“ во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани, Македонија, изразува зжалење за загубата на 62 животи и солидарност со македонскиот народ во неговата борба за правда, исцелување и надеж за посветла иднина.

Македонската заедница во Атвотер Вилиџ и пошироко низ Лос Анџелес, иако малубројна, е енергична и длабоко вкоренета уште од 1960-те години. Како град длабоко жалиме за загубените 62 животи во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ и ја изразуваме нашата солидарност со македонскиот народ во неговата борба за правда, исцелување и надеж за посветла иднина, напиша на својот фб профил градскиот советник Сото – Мартинез во областа 13.

На 16 јуни се навршуваат три месеци од трагедијата во Кочани. Во пожарот во дискотеката „Пулс“, што се случи на 16 март во раните утрински часови, загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. По завршување на истрагата 34 физички и три правни лица се обвинениети за тешки дела против општата сигурност. 

жртви Кочани Лос Анџелес македонско знаме
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.