НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс?

0
By Marija Todorovska on June 17, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прес конференција на пратеникот Миле Талевски од СДСМ:

Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја прикриваа вистината за трагедијата во Кочани и правеа сè за да ги заштитат полициските функционери поставени од нив.

Наместо итно да се побара одговорност, власта штитеше, молчеше и манипулираше со јавноста.

Целта беше јасна – да се спречи вистината, за да се побегне од одговорноста од врвот на власта, до директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и до министерот Панче Тошковски.

Само по силен јавен и политички притисок, на СДСМ и дел од медиумите конечно беа отворени постапки против неколку полициски началници.

Сега е јасно како ден дека вината е во врвот на МВР, во врвот на власта и за тоа мора да има кривична, правна и политичка одговорност.

Директорот на БЈБ, Јанев треба да одговара кривично по закон и хиерархија.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски мора веднаш да поднесе оставка.

Без нивно повлекување, секоја истрага е компромитирана, секоја правда е селективна, како и досега.

Еве конкретни примери.

Главната инспекторка за економски криминал Кристина Јованова да не е опфатена со истрагата. Како е тоа можно?

Таа имала надлежност да постапи, а не презела ништо, иако дискотеката „Пулс“ работела нелегално повеќе од една година – без лиценца, со блокирана сметка.

Дури и сè уште е на функција. Затоа е заштитена од политички структури на власта и скриена зад ѕидот на молкот и неказнивоста.

Штитејќи ја неа, всушност се штити и директорот на БЈБ, кој е директно одговорен за нејзиното  (не)постапување.

Одиме понатаму. Полицијата имала обврска да го затвори објектот, а не да спроведува контроли кои биле спротивни на процедурите.

Не се прави контрола на објект кој нелегално работи тој се затвора.

Полицијата исто така имала должност да спречи внес на пиротехнички средства, за што знаеме дека е клучен причинител за пожарот.

А кој ги постави сите овие началници, одговорни полицајци, надлежни полициски службеници? Кој им давал наредби? Тошковски и Јанев.

Затоа одговорноста мора да почне од нив.

СДСМ ќе ја продолжи борбата за вистината. Најавуваме дека следува продолжение, „Вистината за Кочани 2“ – со нова серија факти и аргументи, со нови информации.

Јасно прашуваме:

Ќе каже ли ВМРО-ДПМНЕ колку пари во форма на донации земале од осомничените од Пулс?

Правда за Кочани мора да има. За Кочани, за жртвите, за семејствата, за правната држава.

 

 

 

 

 

миле талевски прес конференција СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.