НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Томас Вајц: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ

0
By Zoran Ivanov on June 24, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените во преговарачката рамка. Јас сум пријател на Бугарија.

Ова го изјави во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц.

На прашањето на дали сегашната влада на Северна Македонија навистина сака да ги спроведе промените од преговарачката рамка и да стане членка на ЕУ, Вајц одговорил дека не знае, но она што го знае е дека мнознството во ЕП сака да ја поддржи земјата и целиот регион за подобар економски, политички и социјален развој.

Знам дека и јас самиот се обидувам да го поддржам процесот на пристапување на сите шест земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија – изјави тој.

На прашањето дали Мицкоски „спровел организирана кампања во Брисел“ за да влијае врз документот, Вајц одговорил дека ја работи својата работа врз основа на фактите и што е можно пообјективно.

Мојата единствена задача е да анализирам каде се наоѓа земјата во однос на европското право, владеењето на правото, независноста на судството, медиумите … И токму тоа го направив во овој извештај – додаде тој.

За тоа дали Европскиот парламент и АФЕТ имаат надлежност да го валидираат јазикот и/или идентитетот, Вајц посочи дека овој извештај е за состојбата на земјата во процесот на пристапување.

Да, дел од тие вредности е правилното вклучување на малцинствата. Во овој случај, имаше многу дебати за вклучувањето на бугарската заедница, што е одразено во текстот. Но, покрај тоа, како што реков, станува збор за државата, за владеењето на правото, ова е процес базиран на заслуги, а билатералните прашања треба да се решаваат меѓу самите земји, изјави тој.

Во однос на тоа дали ова е билатерално прашање или прашање на ниво на цела ЕУ, известувачот на ЕП одговори дека во сегашната геостратешка реалност, Европејците мора да бидат обединети и да го стават она што ги обединува на прво место.

Ова ќе ни помогне да продолжиме заедно напред. Се сметам за голем пријател на земјите од Западен Балкан, како и за голем пријател на Бугарија. Мислам дека ако го ставиме она што нè обединува на прво место, тоа ќе биде во најдобар интерес на нашите земји и нашите народи – заклучи тој.

На прашањето дали лично бил под влијание на Мицкоски или други европски лидери, Вајц одговори со категорично „не“.  БГНЕС

 

БГНЕС вајс ЕУ интервју Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.