Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска до Николоски: Спроведовте ли надзор над општина Чаир за дивоградбите?

0
By Zoran Ivanov on June 26, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 26, 2025 20:15

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во рамките на седницата на Парламентот посветена на пратенички прашања, до министерот за транспорт Александар Николоски упати прашање дали наредил или спровел надзор во врска со законитоста на работењето на општина Чаир во областа на урбанистичкото планирање, изведувањето на градби, бесправно изградените објекти, комуналните работи и домувањето.

На интернет страницата на Министерството, е објавен документ насловен како Нацрт Стратешки план 2025-2027. (…) Во истиот тој документ е наведено дека, во рамките на министерството постои еден сектор за управно – надзорни работи, кој ги врши работите кои се однесуваат на решавање по жалби и поднесоци на физички и правни лица од областа на изведувањето на градби, утврдувањето правен статус на бесправно изградените објекти, градежното земјиште итн, како и врши надзор над законитоста на работата на органите на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје при остварување на нивните надлежности, кои се наброени, рече Петровска.

Таа се осврна на објавите на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, за која рече дека презентира обвинувања за епски криминал, кои не се поврзани само со економски криминал, туку веќе имаат и елементи на загрозување на безбедноста и сигурноста на граѓаните и тие, во најгиолемиот дел, се однесуваат на незаконски постапувања од градоначалникот на општина Чаир.

И бидејќи во ушите ни одѕвонува она: и брат да ми е, ќе одговара и нема веќе од партија се јавија и итн, ве прашувам, дали се помрднавте малку во врска со овие обвинувања? Или не Ви е брат, ама коалиционен партнер ви е. Дали проверивте што се случува во таа општина. Дали ја спроведивте вашата законска должност, надлежност за надзор, она за што сте платен од граѓаните? Она што го претходно прочитав, а го цитирав исклучиво од документот што го споменав се однесува на ваши ветувања, ваши писмени изјави, обраќања во кој самиот кажувате дека детално ќе ја утврдите актуелната состојба и ќе известите за реализираните активности во изминатиот период.

И затоа моето директно прашање до Вас е: Дали наредивте или спроведовте надзор над законитоста на работата на општина Чаир, во врска со урбанистичкото планирање, изведувањето на градби, бесправно изградените објекти, комуналните работи и домување, праша Петровска.

дивоградби Надзор Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.