НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во шумски пожар во Кочани изгореа една куќа и петнаесетина хектари зимзелена и нискостеблеста шума

0
By Marija Todorovska on July 3, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пожар што избувна околу 14 часот во населбата Трајанов Трло во Кочани изгореа петнаесетина хектари нискостеблести растенија и зимзелена шума.

Огнената стихија што почнала во близина на населбата зафатила една од куќите, која целосно е изгорена, а потоа ветерот неконтролирано го проширил огнот кон блиската шума.

На терен излегоа пожарникарите на Територијалната противпожарна единица и на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, при што во гаснењето на огнот се ангажирани осум возила. Поддршка во интервенцијата даде и комуналното прептијатие „Водовод“, како и месното население.

И покрај напорите да спречиме огнот да се прошири кон станбените објекти во месноста Диви градби, поради силниот ветер не успеавме и една од куќите беше зафатена од пламените јазици. Во моментот пожарот е локализиран и оневозможено е неговото ширење по падините на Осоговските Планини, каде има сува вегетација. Според првичните информации, нема повредени лица, но причинета е поголема материјална штета, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Пожарот во населбата Трајаново Трло избувнал веднаш по завршувањето на интеревенцијата на пожарникарите при пожарот во фабриката за стиропорни изолациони материјали во индустриската зона во Кочани.

Кочани пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.