Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон, велат од СДСМ реагирајќи на предлог законските измени во Законот за полиција.
Наместо модерна, професионална, европска полиција – Тошковски го претвора Министерството за внатрешни работи во пара-полициски апарат на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е реформа, ова е отворање на вратите за криминалци, послушници и партиски војници. Ова е рецепт за полициска држава!, реагираат од СДСМ.
Од партијата велат дека Законот за полиција што го предлага Тошковски е опасен за целиот безбедносен систем, антиевропски и длабоко корумпиран обид за партизација на полицијата, елиминација на кариерниот систем и уривање на безбедносниот поредок.
СДСМ бараат итно повлекување на законот, прекин на узурпацијата на МВР и отворање јавна дебата за департизација на полицијата.
Полицијата мора да биде сервис на граѓаните, не оружје во рацете на партиската мафија.
Ова не е политичка борба – ова е борба за безбедност, за државата и за правото!
Македонија не смее да си дозволи нова верзија на режимот на Груевски, со Тошковски во улога на негов партиски клон, велат од СДСМ.