НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

0
By Zoran Ivanov on August 8, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германија го суспендира „до понатамошно известување“ извозот на воена опрема во Израел што би можела да се користи во Газа, објави канцеларот Фридрих Мерц претходно денес, во однос на информациите за планирана нова израелска офанзива. Берлин, исто така, силно ја повика израелската влада „да не презема понатамошни чекори кон анекстирање на Западниот Брег“.

Одлуката за забрана на извозот на опрема е донесена поради „уште построгата воена акција на израелската армија во Појасот Газа, за која одлучи израелскиот кабинет синоќа“, рече Мерц, додавајќи дека „до понатамошно известување, нема да биде одобрен понатамошен извоз на воена опрема што може да се користи во Појасот Газа“.

Германската влада, нагласи тој, „останува длабоко загрижена за континуираното страдање на цивилното население во Појасот Газа“, но не прецизираше која воена опрема била засегната од одлуката.

Израелскиот кабинет за безбедност го одобри планот што го презентираше премиерот Бенјамин Нетанјаху синоќа за пораз на исламистичкото движење Хамас во Појасот Газа. Планот предвидува израелската армија да ја преземе контролата врз градот Газа, соопшти кабинетот на премиерот, појаснувајќи дека хуманитарната помош ќе им биде доставена на цивилите надвор од борбените зони.

Со планираниот напад, израелската влада презема уште поголема одговорност за обезбедување помош отколку што преземаше досега. Мора да овозможи целосен пристап до помош, вклучително и од агенциите на ОН и други невладини институции. Следејќи ги правилните чекори од последните денови, Израел мора да продолжи сеопфатно и одржливо да ја подобрува хуманитарната ситуација во Газа“, рече Фридрих Мерц и, осврнувајќи се на воените планови на Израел, нагласи: „Германската влада итно ја повикува израелската влада да не презема понатамошни чекори кон анексирање на Западниот Брег.

Најавите на Мерц беа веднаш пофалени од вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбеил, кој рече дека одлуката за запирање на снабдувањето со оружје што може да се користи во Газа „беше правилна“.

Страдањето на луѓето во Газа е неподносливо и израелската влада носи голема одговорност за хуманитарната ситуација во Газа. Хуманитарната помош сега мора да биде дозволена што е можно поскоро и целосно да влезе во Газа. Германија нуди целосна солидарност со Државата Израел, но неправдите исто така мора да бидат осудени, рече Клингбеил.

Германската влада досега ја отфрли забраната за извоз на оружје во Израел. Во октомври минатата година, владата на Олаф Шолц (СПД) уште повеќе ги продолжи дозволите за испорака на оружје. Од терористичкиот напад на Хамас врз Израел, Германија одобри извоз на оружје во вредност од речиси половина милијарда евра. Поточно, според одговорот од Министерството за економија и енергетика на прашање од Левицата, од 7 октомври 2023 година до 13 мај 2025 година, одобрена е испорака на оружје и воена опрема во Израел во вредност од 485,1 милиони евра.

 

Германија запира Израел оружје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

ВЕСТИ August 8, 2025

Глобалната консултантска фирма од САД, Бостон Консалтин Груп, разгледува планови за преселување на околу 25%…

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.