Фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа како еден автомобил, возејќи по автопат во околината на Крива Паланка, влече куче врзано за возилото ги вознемирија граѓаните.
По реакција на МВР и Агенцијата за храна и ветеринарство, кучето е пронајдено, одземено и згрижено.
Од Противпожарната единица на Крива Паланка велат дека добиле дојава дека кучето е фрлено во коритото на Крива Река. Со тим од 2 пожарникари тие го извлекле и предале на надлежни институции.