Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе расправа за депонијата во Струга

0
By Marija Todorovska on August 15, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ
Фото: Фејсбук Ohrid SOS
Фото: Фејсбук Ohrid SOS
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 15, 2025 12:58

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе расправа за депонијата во Струга, откако домашните судови се прогласија за ненадлежни по поднесената тужба од физичко лице кое живее во непосредна близина на депонијата и Македонското здружение на млади правници, соопшти адвокатската канцеларија Стојкоски и Ќатоски.

Тоа, како што појаснуваат во објавата, значи дека Стразбур ќе расправа за еден од најголемите еколошки и здравствени проблеми во Струга – депонијата која се наоѓа на 500 метри од првите куќи, во близина на реката Црн Дрим и два километри од Охридското Езеро.

 Во постапката бараме утврдување на повреда на правата на пристап до суд, на приватен и семеен живот и ефективен правен лек, посочуваат од Адвокатската канцеларија.

Депонијата, нагласуваат, загадува со над 40.000 тони отпад годишно, без никаква контрола врз видот на отпадот.

Како Адвокатска канцеларија, заедно со Македонското здружение на млади правници остануваме целосно посветени на правната борба за заштита на животната средина и здравјето и правата на жителите, како и примена на европските стандарди за човекови права во Македонија, стои во објавата.

Тужбата беше поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Струга и јавното претпријатие „Комунално“ поради непреземање мерки за справување со депонијата во Струга која ги загадува почвата, Охридското Езеро и реката Црн Дрим.

Дива депонија Европски суд за човекови права млади правници Стразбур Струга
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.