Москва: Русија и Украина денеска разменија по 146 воени затвореници, соопшти руското Министерство за одбрана.
Размената на заробеници и тела на загинати војници е една од малкуте преостанати области за кои има соработка меѓу Москва и Кијв.
Двете страни разменија илјадници затвореници оваа година, аво согласност со договорите постигнати за време на три рунди разговори во Истанбул од мај до јули годинава.