Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓанска иницијатива со над милион потписи бара финансиска поддршка за безбеден абортус

0
By Marija Todorovska on September 1, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 1, 2025 13:57

До Европската комисија денеска е доставена граѓанска иницијатива насловена „Мојот глас, мојот избор: За безбеден и достапен абортус“ со која се бара ЕК да поднесе предлог за финансиска поддршка за извршување сигурен прекин на бременоста за сите оние во Европа кои немаат пристап до безбеден и легален абортус.

Иницијативата, која беше лансирана во април годинава, добила поддршка од 1.124.513 граѓани на ЕУ.

За да се најде на разгледување пред Европската комисија, една граѓанска иницијатива треба да добие поддршка од минимум еден милион граѓани од најмалку 19 земји членки на ЕУ.

Како што соопшти Европската комисија, иницијативата не се однесува на легализирање на абортусот на ниво на ЕУ, туку на почитување на одговорностите на земјите членки за дефинирање на нивната здравствена политика и за организацијата и овозможување на здравствени услуги и медицинска грижа.

Врз основа на ваквата иницијатива, Европската комисија сега има рок до 2 март 2026 година да донесе конечна одлука за нејзино прифаќање или одбивање, водејќи се од принципот, како што наведе, дека таа „нема за цел поткопување на законодавството за јавен ред на земјите членки или на здравствените и етичките избори на земјите членки при вршење на нивната надлежност за здравствените прашања“.

ЕК најави дека во прилог на разгледување на иницијативата во текот на наредните недели ќе одржи средба со иницијаторите, по што и Европскиот парламент ќе организира јавна расправа за предлогот.

Во соопштението на Комисијата се нагласува дека примањето на иницијативата нема никакво влијае врз нејзината конечна одлука, ниту пак значи дека пред тоа таа би презела каква било потенцијална активност што произлегува од предлогот.

Иницијаторите на предлогот наведуваат дека тој им за цел да го направат животот на жените послободен, побезбеден и подобар, без разлика каде живеат во Европа и во какви услови се наоѓаат.

Неможноста за пристап до абортус во многу делови од Европа не само што ги става жените во ризик од физичка повреда, туку и им создава прекумерен економски и ментален стрес на жените и семејствата, кои честопати се на маргините на општеството, се наведува во иницијативата.

Според предлагачите, третирањето на репродуктивната грижа како луксуз не ги намалува абортусите, туку едноставно ги тера жените да бараат небезбедни прекини на бременоста.

За да го промениме ова, бараме од Европската комисија – во духот на солидарноста – да поднесе предлог за финансиска поддршка на земјите членки за извршување на безбедно прекинување на бременоста за сите во Европа кои се уште немаат пристап до безбеден и легален абортус. Голем број животи се прекинати, нарушени и изгубени поради немањето пристап до безбеден абортус. Ова мора да престане. Со оваа европска граѓанска иницијатива, ќе преминеме кон поправедна политика што ги изразува нашите европски вредности со поголема сочувствителност и поконкретно, се додава во предлог-иницијативата.

абортус граѓанска иницијатива Европска комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.