Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стототина делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху кој ги обвини сите што ја признаа Палестина

0
By Zoran Ivanov on September 26, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 26, 2025 19:01

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја отвори 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во атмосфера што ретко се гледа. Штом зачекори кон говорницата, околу стотина делегати од различни земји станаа и ја напуштија салата во знак на протест против израелската политика во Газа.

Иако израелските дипломати и дел од публиката се обидуваа да го прикријат тоа со гласно ракоплескање и стоење, празните места беа јасно видливи. Службениците на ОН постојано повикуваа на ред поради метежот што настана во салата, а од галеријата се слушаа извици на незадоволство и свирежи. Американската делегација остана на своите места, додека палестинската мисија претходно ги повика државите координирано да ја напуштат седницата штом Нетанјаху почне да зборува.

Сцените пред зградата на ОН беа подеднакво напнати. Таму се собраа семејствата на израелските заложници, барајќи договор за нивно ослободување, додека противниците на израелската офанзива носеа транспаренти и повикуваа на прекин на војната.

На самиот почеток од својот говор, Нетанјаху рече дека Израел „мора да ја заврши работата против Хамас во Газа“. Потоа директно му се обрати на Хамас.  – Спуштете го оружјето. Ослободете го мојот народ. Ослободете ги заложниците. Сите нив, сите 48. Ако го направите тоа – ќе живеете. Ако не, Израел ќе ве лови, додаде тој со повишен глас. Додаде дека по првпат директно им се обраќа на заложниците, надевајќи се дека ќе го слушнат преку разгласните системи поставени долж границата со Газа. Израелската војска потврди дека распоредила девет разгласни системи како дел од кампањата за влијание, но жителите во северна Газа и во Деир ал-Балах изјавија за Ројтерс дека не го слушнале говорот, туку само експлозии.

Поголем дел од своето обраќање Нетанјаху го посвети на одбрана на израелската воена кампања и на отфрлање на обвинувањата за геноцид. – Обвинението за геноцид е лажно. Се зборува дека Израел намерно цели кон цивили. Дами и господа, вистината е спротивна, рече тој. Со тоа реагираше на заклучоците на Истражната комисија на ОН, која минатата недела објави дека Израел извршил геноцид во Газа, што Израел го нарече пристрасно и неосновано.

Според податоците на здравствените власти во Газа, во речиси две години од израелската офанзива загинале повеќе од 65 илјади луѓе, а градот Газа и околните области официјално се прогласени за област на глад.

Зборуваше и за недостигот на храна, тврдејќи дека гладот не е последица на израелската политика, туку на активностите на Хамас. – Се вели дека Израел намерно ги изгладнува луѓето во Газа, додека Израел всушност ги храни. Ако има жители на Газа кои немаат доволно храна, тоа е затоа што Хамас ја краде, ја натрупува и ја препродава по високи цени, рече Нетанјаху.

Израелскиот премиер во говорот повеќе пати го спомена и претседателот на САД, Доналд Трамп, кому му се заблагодари за акциите против Иран. – Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп за неговата храбра и одлучна акција. Ја отстранивме егзистенцијалната закана за Израел и смртоносната закана за цивилизираниот свет, рече тој, тврдејќи дека израелските и американските акции ги девастирале иранската нуклеарна и балистичка програма. Нетанјаху ги наброја и воените успеси на Израел во изминатата година, наведувајќи дека израелската војска ја уништила инфраструктурата на Хамас, го ослабнала Хезболах и ги погодила највисоките команданти на Иран и неговите сојузници во регионот.

За дополнително да го засили ефектот на говорот, Нетанјаху користеше плакати и мапи, ги пречкртуваше имињата на противниците на Израел и на публиката ѝ делеше „квиз-прашања“ за тоа кој извикува „Смрт за Америка“. Во еден момент прикачи QR код на сакото, а претходно на говорницата покажа мапа на Блискиот Исток означена со зборот „проклетство“, тврдејќи дека станува збор за иранската „оска на теророт“.

На крајот, Нетанјаху повторно вети дека војната ќе трае додека Хамас не биде уништен како воена и политичка сила во Газа.

 

говор Нетанјаху ООН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.