Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес на седница на Советот на Руската федерација зборувајчи за контактите со САД за мирно решавање на конфликтот во Украина, обвинувајќи ја Европската Унија дека се обидува да го попречи процесот, пренесуваат западните новински агенции повикувајќи се на руските.
Лавров потврдил дека Москва и Вашингтон постигнале договор да продолжат да работат на завршување на украинскиот конфликт. „Главната работа е да постои принципиелно разбирање дека одржливо решение не е можно без искоренување на корените на кризата“, нагласил шефот на руската дипломатија.
Тој изјавил дека предлозите што ги донесе во Москва специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф зборуваат за потребата од обезбедување права на националните малцинства и верските слободи во Украина. Русија, додал тој, ги цени напорите на Доналд Трамп за решавање на конфликтот преку политички и дипломатски средства.
Од друга страна, Лавров остро ја критикувал политиката на Европската Унија тврдејќи дека Брисел е „заведен од илузијата“ дека Русија може да биде поразена.
Откако го инвестираа целиот свој политички капитал во војната со Русија со рацете и телата на украинските граѓани, тие се залажуваат со безнадежна политичка слепило со илузијата дека ќе ја победат нашата земја на еден или друг начин. Како што нагласи претседателот, ние немаме намера да се бориме со Европа, немаме такви мисли, рекол Лавров.
Рускиот минстер предупреди дека Москва ќе одговори на какви било „непријателски чекори“, вклучително и евентуално распоредување на европски воени контингенти во Украина и запленување на руски имот.
Според него, Брисел вештачки го попречувал процесот на дипломатско решение, за кое, тврди тој, зборувал и Трамп.
Европа се обидува на секој начин да го охрабри таканаречениот украински лидер, членови на неговиот режим, да не престанат да се борат до последниот Украинец. Сега овој идеолошки полнеж е под влијание на финансиски размислувања, бидејќи освен ограбувањето на Русија и запленувањето на нашите златни и девизни резерви, кршејќи ги нормите на меѓународното и трговското право, тие немаат други извори на финансирање“, заклучил тој.




