Најпознатиот украински ракетен стартап „Фајр Поинт“ започна тестирање на нови балистички ракети FP-7 и FP-9, кои, според компанијата, би можеле да стигнат до главните руски градови, вклучувајќи ја Москва, до крајот на летото. Компанијата за првпат го најави развојот на овие модели во септември минатата година, пренесува „Кијив Индепендент“.
Главниот инженер и сопственик на „Фајр Поинт“, Денис Штилиерман, во интервју за „Арми ТВ“ објасни дека FP-7 е балистичка ракета со краток дострел, додека FP-9 има поголем дострел и поголема ударна моќ. Тој посочи дека предизвик за украинските оружја за длабок удар досега била ефикасната руска воздушна одбрана околу Москва и Санкт Петербург.
ФП-9 ќе погодува со брзина од над 1.200 метри во секунда, што ќе овозможи дел од ракетите да го пробијат системот за одбрана. Очекуваме околу 25 проценти да стигнат до целта, истакна Штилиерман.




