Published: Saturday, April 4, 2026 11:21
Сѐ уште се трага по вториот американски воен пилот од соборениот Ф-15 над Иран, пренесува „СиЕнЕн“. Еден од пилотите беше извлечен од Иран во текот на вчерашниот ден во спасувачка операција на американската војска, а завторито Иран нуди награда од 60.000 долари.
Воените дејствија во регионот продолжуваат. Иранските државни медиуми јавуваат дека најмалку едно лице загинало по напад врз станбена населба во северниот дел на Техеран.
Истовремено, ИДФ соопшти дека спасувачки екипи се упатени кон локации во централен Израел по пријави за ирански ракетни напади.




