Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

250 години и еден ден

0
By Zoran Ivanov on July 5, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 5, 2026 17:34

На 250 години и еден ден, САД се соочуваат со судбинско прашање: обновување на демократијата или предавање пред авторитаризмот и олигархијата.

Џабир Дерала

Огнометите завршија. Парадните банери се свиткани. Говорите се одржани. Америка прослави 250 години независност, четврт милениум откако прогласи дека слободата, еднаквоста и владеењето со согласност на граѓаните не се привилегии што ги доделуваат владетелите, туку права што им припаѓаат на луѓето.

А потоа, доаѓа следниот ден.

Тој ден потоа е поважен и од самата годишнина. Барем во ова време.

Затоа што демократиите ниту се градат, ниту се чуваат со церемонии. Нив ги штитат граѓаните, институциите, одговорните политичари и принципиелните професионалци.

Со тврдоглаво одбивање слободата да им се предаде на стравот, пропагандата, корупцијата, рамнодушноста, авторитаризмот или олигархијата.

250-годишнината не е само прослава на американската независност. Големиот јубилеј е и момент за одговорно и трезвено промислување. Секоја република мора да се обнови, денот откако ќе се прослави себеси.

Двесте и педесет години се историја. Двесте и педесет години и еден ден се одговорност.

Оваа одговорност не лежи само врз Америка. Од другата страна на Атлантикот, Европа гледа со загриженост и неизвесност. Во Украина, луѓето се борат не само за опстанокот на својата земја, туку и за самиот принцип на слободата. Во меѓувреме, таканаречениот мултиполарен свет се обликува не само преку дипломатија и пазари, туку и преку војна, дезинформации, корупција и авторитарни амбиции.

Во таков свет, ерозијата на американската демократија не останува домашно прашање, без оглед колку се самозагледани актуелните политики „Америка на прво место“. Таа одекнува низ архитектурата на демократијата и демократската солидарност далеку надвор од границите на Америка — од Кијив до Брисел, од Западен Балкан до африканскиот континент, и во секое општество што сè уште се спротивставува на враќањето на империите.

Денес, Соединетите Американски Држави се наоѓаат на крстопат. Нивните граѓани, политички лидери и бизнис-моќници сега се соочуваат со избор: дали сакаат да живеат во земја задушена во груба авторитарна, олигархиска и империјална контрола врз светот што се менува, или во земја што останува еден од глобалните лидери на демократијата, слободата, еднаквоста и солидарноста.

Судејќи според правецот во кој денес се развиваат Соединетите Држави, човек може само да стравува дека Америка каква што светот ја познава 250 години — или барем во последните неколку децении — е во сериозна опасност.

А опасноста доаѓа однатре.

 

250 години САД Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.