Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Основниот суд да не се вмешува во автономијата на СЈО

0
By Нова ТВ on March 31, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 31, 2016 13:52

Откако беше одбиен предлогот на Специјалното јавно обвинителство за претрес во домот на началникот на Петта управа, Горан Грујевски од страна на Основниот суд Скопје 1, и образложението дека СЈО немале надлежност, од Хелсиншкиот комитет реагираат дека судијата на претходната постапка ги помешал институтите „наредба за привремено одземање на предмети“ со „наредба за претрес“.

– Имено, за издавање наредба за претрес може, но не мора да има прецизен опис на предметите што треба да се пронајдат. Прецизното наведување на предметите е неопходно само откако тие ќе се пронајдат и постои потреба привремено да се одземат. Избегнувајќи ја оваа аргументација во својата одлука, Кривичниот совет очигледно ја сфатил ваквата грешка на судијата на претходната постапка, се вели во соопштението на Комитетот.

Во однос на аргументацијата на Кривичниот совет која се однесува на надлежноста на СЈО, од ХК велат согласно член 6 од Законот за СЈО, тоа обвинителство има целосна автономија во истражувањето и гонењето на кривични дела поврзани со нелегалното прислушување.

– Оттука, сметаме дека  аргументацијата на Кривичниот совет во овој дел е правно неоснована, бидејќи членот 17 од ЗКП на кој погрешно се повикува Кривичниот совет упатува единствено на надлежноста на обвинителството како субјект наспроти исклучокот за приватна тужба, а ниту овој ниту било кој друг член од ЗКП не дава право и можност судот да цени и одлучува кое обвинителство е надлежно во конкретен случај. Врз основа на ова е очигледно дека Основниот суд Скопје 1 Скопје ги пречекорил своите овластувања, се вели понатаму во соопштението.

Поради сите наведени причини, произлегува дека барањето за издавање наредба за претрес на СЈО било основано и законито, а Основниот суд Скопје 1 се вмешал во автономијата на СЈО на незаконит начин.

Хелсиншкиот комитет сака да ги охрабри сите судии да постапуваат независно и согласно меѓународните стандарди и националните правни прописи, особено поради притисокот на кој се изложени за овие случаи.

Катица Јанева СЈО Суд Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.