НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Левица: експертска влада и крај на партиските сплетки

0
By Нова ТВ on April 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Левица бара формирање на експертска влада и порачува дека и се “преку глава нивните сплетки, интриги и стремежот да бидат на власт по секоја цена”, вели партијата зборувајќи за партиите од власта но и  за СДСМ.

Според оваа партија “во поднесувањето оставки во Владата на РМ од страна на ДУИ, Левица гледа шанса процесот на враќање на демократијата во Македонија конечно да биде поставен на здрави основи”.

За да се постават здравите основи, според Левица “потребно е сите министри да поднесат оставки, целата влада да се повлече и да биде избрана нова експертска влада, составена од личности колку што е можно понезависни од политичките партии. И со мандат да ги создаде сите услови за организирање фер и демократски избори”.

“Старите партии се способни само за креирање кризи. Затоа, потребно е да се формира експертска влада.

Сведоци сме на најновиот чин од политичката фарса во Македонија со поднесувањето оставки во Владата на РМ од страна на ДУИ. Можеби не е случајно што тоа се случи неколку часа пред 1 април, зашто веќе подолго време целата ситуација е гротескна, вели партијата преку соопштение.

Во соопштението Левица го изразува своето несогласување со ставот на СДСМ околу оставките на ДУИ:

“Сегашната влада, дополнително делегитимирана со оставките на ДУИ, е техничка влада само во имагинацијата на СДСМ, која така ја нарекува само за да ги прикрие огромните отстапки што ги направи во Пржинскиот договор. Граѓаните што протестираа во мај минатата година бараа експертска влада”, вели Левица.

Левица: Старите партии мора да разберат дека земјата не се врти околу нив. Недозволиво е нивното држење во заложништво на сите граѓани во Македонија.

И Левица во оваа прилика се залага и за “решавање на реалните проблеми на граѓаните”.

“Во меѓувреме, додека на политичарите приоритет им е доаѓањето на власт за да остваруваат тесни лични интереси, секојдневните маки со кои се соочува народот, продолжуваат. Вчера, 30-тина работнички во фабриката „Веибо Груп“ во Крива Паланка добија отказ и останаа на улица. Старите партии мора да разберат дека земјата не се врти околу нив. Недозволиво е нивното држење во заложништво на сите граѓани во Македонија. Преку глава ни се нивните сплетки, интриги и стремежот да бидат на власт по секоја цена”, остро порачува Левица.

ВМРО-ДПМНЕ ДУИ експертска влада Левица СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.