Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФРОДЕМ:Седењето на две столици на ДУИ, е невозможна мисија

0
By Нова ТВ on April 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 3, 2016 12:18

Движењето Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ) упати отворено писмо до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кое го објавуваме интегрално:

Во овие значајни денови за разрешување на тешката политичка криза во која се наоѓа  Македонија сакаме да ве потсетиме на големата одговорност која ја имате како лидер на најголема албанска политичка партија во Македонија. Со оглед на краткото време во актуелниот политички контекст, бараме од Вас јасно и недвосмислено да се произнесете дали сте за демократија, владеење на правото и евроатлански интеграции или пак ќе продолжите и понатаму со дневно политичко маневрирање во функција на одржување на позициите на врхушката на ДПМНЕ.

Господине Ахмети, од денес па натаму седењето на две столици станува невозможна мисија. Затоа, Ве повикуваме активно и недвосмислено да учествувате во враќањето на демократијата и владеењето на правото. Без намера да навлегуваме во Вашите партиски активности и политики, сепак сакаме да ви укажеме дека е потребно целосно почитување на договорот од „Пржино“,  меѓутоа и активно и принципиелно реагирање на секоја нова ситуација во која се појавува селективност на правда, криминалот и загрозување на слободите и правата на граѓаните и меѓуетничките односи. Затварањето очи пред овие аномалии и реагирање само кога се засегнати личните и партиските интереси, не се карактеристики и одлика на современи и чесни политички лидери и партии.

ФРОДЕМ цени дека е дојден моментот кога треба јасно, јавно да се констатира дека толерирањето на недостаток на демократија поради одржување на стабилноста и мирот во државата е лажно и беспредметно. Загрозената демократија сега е клучен фактор за дестабилизација на Македонија. На сите им е јасно дека тие што треба да ја чуваат безбедноста и да ги штитат човековите права, преку сторените злоупотреби се најголеми загрозувачи на стабилноста. Вие, како дел од власта, досега не покренавте ниту една постапка за преиспитување на ова загрозување на стабилноста, ниту за монтруозното прислушување, ниту за монтираните политички процеси.   Упорно молчевте.

Само пред еден месец, во врска со постаментот на крстот во општина „Бутел“ покажавте политичко хазардерство со навлегување во сценарија на меѓуетничка и верска нетрпеливост. Ве потсетувам дека дел од раководството на ДУИ, фатено и испреплетено за раце, тргна кон рушење на постаментите на крстот со што по којзнае кој пат се ставивте во улога на одработувачи на агендата на Вашиот коалиционен партнер?

Македонија не може и не смее да биде заложник на ничии лоши и нереализирани политики. Најмалку треба да биде заложник на лошите политики на ДУИ спрема сопственото гласачко тело, за да периодично, кога ќе оцени дека има моментален политички профит, да продуцира политичка и друг тип на криза! Ова е наше најдобронамерно укажување, затоа што доколку и понатаму ја играте оваа игра ќе го изгубите и тоа што ви преостана од моралниот и политички кредибилитет. Во оваа ситуација сакаме да ви укажеме дека ФРОДЕМ ги осудува сите обиди и облици на загрозување на приватноста на било која личност!

ФРОДЕМ како здружение на граѓани за демократизација, се залага за активна политика на соживот, интеграција и помирување. Не сакаме отворање на старите рани од минатото, на потсетување на активностите и улогите на поединци во претходниот социјалистички систем и разните соседски влијанија, ниту да се сеќаваме на периодичните влошувања на меѓуетничките односи со инцидентите меѓу најмладите граѓани на нашата земја. Сите настојуваме да сме свртени кон иднината! Добрите и коректните меѓуетнички односи се гарант и за регионалната стабилност.

Господине Ахмети, очекуваме да реагирате искрено, одговорно, демократски и интегративно! Сите други постапувања кои ги прегазило времето и историјата не само Вам, туку и на сите нас може да ни наштетат и да не доведат до амбисот од кој нема враќање назад.

 

 

Ахмети писмо ФРОДЕМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.