Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наумов: Во Буџетот не е предвидено зголемување на платите во МВР

0
By Нова ТВ on April 6, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 6, 2016 12:34

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов денеска изјави дека дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Чавков се обидел да ги изманипулира вработените во МВР и јавноста за наводна одлука на Владата од 29.03.2016 година за зголемување на платите во Министерството за внатрешни работи.

Според Наумов, Чавков тоа го направил повикувајќи се на договор помеѓу Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат од 2015 година.

– Во Буџетот на РМ за 2016 година не се предвидени средства за реализирање на гореспоменатиот договор. Митко Чавков во 2015 година како министер за внатрешни работи не успеал да обезбеди средства за зголемување на ставката исплата на плати и надоместоци, ниту Владата предводена од Груевски во Предлог буџетот за 2016 година побарала од Собранието на РМ да се обезбедат средства за исплата на зголемени плати на вработените во Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението од Наумов.

Според него, потврда за ова е Информацијата за недостиг на средства согласно објавениот буџет за 2016 година во однос на реално потребните средства за нормално функционирање на МВР за 2016 година. Дописот од МВР под бр.13.1.2-11974/1 е доставен до Владата на РМ на 24.02.2016 година.

Информацијата од МВР, тврди Наумов, била разгледана на седница на Комисијата за економски систем и тековна економска политика на Владата одржана на 01.04.2016 година.

– Во врска со информацијата на МВР од 24.02.2016 година, Министерството за финансии доставило мислење до Комисијата за економски систем и тековна економска политика на Владата на РМ во кое Министерот Ставрески потврдува дека во буџетот не се предвидени средства за покачување на платите за вработените во МВР. Вчерашното соопштение на дополнителниот заменик министер Митко Чавков претставува јалов обид да ја дефокусира јавноста и да ја тргне одговорноста од себе за непочитување на договорите што самиот ги потпишал, вели Наумов.

Дополнителниот заменик министер Чавков вчера објави соопштение според кое платите на вработените во МВР од мај се зголемуваат и дека покачувањето е договорено во март лани, меѓу МВР и Полицискиот синдикат. Во соопштението се наведува согласно тој договор, овој процес треба да заврши во 2017 година.

МВР Наумов плати Полициски синдикат Чавков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.