ДИК вечерва го усвои збирниот извештај за спроведените вкрстени, административни и теренски проверки.
Седницата помина во тензична атмосфера и обвинувања за опструкции кон претседателот на комисијата. Освен претседателот Чичаковски кој гласаше против, шестмина членови гласаа „за“. На седницата не присуствуваа двајцата членови на СДСМ.
Претседателот Чичаковски изрази сомневање во правната важност на информациите од МВР на кои не е потпишан министерот Спасовски, но за другите членови на ДИК, ова не е спорно.
Чичаковски нагласи дека остануваат сомнителни гласачите без живеалиште во земјава. Од 139 илјади, 42 илјади се дијаспора, а за другите рече дека нема прецизни податоци.
Избирачкиот список може да гарантира веродостојни и кредибилни избори, сметаат Силвана Бонева и Сашко Срцев
На сединицата имаше реакции на предлогот на претседателот Чичаковски да се објави списокот на гласачите со име, презиме, адреса и место на гласање бидејќи како што рекоа, тоа е во спротивност со укажувањето на Дирекцијата за заштита на личните податоци. По ова Чичаковски го повлече предлогот, најави дека ќе го поднесе на наредната седница.