НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: За аболицијата ќе се жалиме во Стразбур

0
By Нова ТВ on May 3, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека од Судот бил информиран дека рочиштето за предметот Пуч што било закажано пред месец ипол нема да се одржи.

– Ние од опозицијата поднесовме жалби на овие постапки, кои што се резултат на незаконската и неуставната, аболиција од Ѓорге Иванов, кое што само по себе, претставува преседан, да се аболицира сведок, да се аболицира странски државјанин, и мал милион дурги глупости во самиот акт. Жалбите до Апелација се поднесени по однос на решенија за мене, Зоран Верушевски, неговата сопруга, но и од сите кои сме вклучени во овој срамен предмет „Пуч“, но и за другите предмети кои се против нас. Во ова наше општество стана некако драматично да се изедначува со некаков акт на аболиција тој што е жртва и тој што е злосторник во општеството. Ние тоа нема да го дозволиме. Ние можеби сме единствени, кои сакаме по правен пат да ја поништиме аболицијата, актот за помилување од Ѓорги Иванов. Прашање е дали Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и другите имаат отворено ваква постапка за да покажат навистина дека се против аболицијата која им е дадена од Иванов, изјави Заев.

Тој најави дека правото на правично судење го продолжуваат преку Апелација се до Стразбур, користејќи го членот 6 од Европската конвенција.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски, пак, истакна дека ги користат правните „лекови“ за случајот „Пуч“ и дека јавноста треба да знае дека по одлуката на аболиција, тие во законските 3 дена поднеле жалба и чекаат Апелација да им одговори.

– Ако нашата жалба се отфрли, тогаш нашата правда ќе ја бараме пред Меѓународниот суд во Стразбур, изјави Верушевски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека ниту до него, ниту до партијата не стигнало писмо од еврокомесарот Јоханес Хан, како што со денови се шпекулираше во јавноста дека такво писмо наводно е испратено до  четворицата потписнички на Договор од Пржино.

Во однос на наводното писмо од евроамбасадорот Аиво Орав, лидерот на СДСМ не сакаше да коментира.

– Тоа што јас го знам е во континуитет повторување на нивните ставови, односно условите за избори, поништување на актот за аболиција и секако, одржување на изборите тогаш кога ќе се создадат услови за фер и демократски избори. Деталите од ваквите пораки може да ги соопштат само тие за кои велите дека ги имаат соопштено или ги имаат кај себе. Јавноста и медиумите знаат дека конструктивниот фактор во целиот овој процес е опозицијата и ние тоа и ќе останеме. Нашите услови јавно ги кажавме, а тие се укинување на аболицијата и собранието да биде свикано заради исполнување на условите за одржување на фер и демократски избори. Ние сме конструктивен партер и ако тоа се случи спремни сме да ги продолжиме преговорите за сите барања кои беа испорачани во овој период, рече Заев.

аболиција Заев пуч рочиште Стразбур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.