Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема избори на 5 јуни, нов датум не е одреден

0
By Нова ТВ on May 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 18, 2016 20:19

Со 96 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан Собранието на Република Македонија вечерва на седница ги усвои измените на Изборниот законик, по скратена постапка, со кои се укинуваат членовите кои предвидуваа одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни. Со измените, предложени од Талат Џафери од ДУИ, не се предвидува нов датум за одржување избори.

Опозициските пратеници сметаат дека фер избори не можат да се одржат, а пратениците од владејачките партии дека опозицијата бега од соочување со народот поради нискиот рејтинг.

Според пратеникот од ДУИ Џеват Адеми одлуката на судот е како чудо и историско решение, а ДУИ се издигнала над партиските рамки и понудила опција за развој на демократијата. Тој рече дека со одлуката на ДУИ да не учествува на изборите на 5 јуни им направила услуга на СДСМ.

Пратеникот од СДСМ Петре Шилегов му реплицираше на Адеми порачувајќи му дека додека зборува за ЕУ и НАТО перспектива, а ДУИ гласа против договорот од Пржино, кој, како што рече, е дел од она што треба да се направи на тој пат и оти на таков начин се става во заштита на политичка банда и криминалот. Најави и поднесување на автентично толкување на законот за амнестија.

 

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески рече дека било јасно дека избори нема да се одржат, поради немањето елемантарни услови за тоа, и оти опозицијата немала намера да учествува и да легитимира криминални избори.

За пратеникот Влатко Ѓорчев е фарса тоа што лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека не оди на избори бидејќи ќе победел, а резултатите нема да му биле признаени. Вие сите знаете, рече тој, дека тој со 5 проценти рејтинг не може да се стане премиер и дека доколку имавте можност да дојдете до 35 пратеници ќе имавме избори, а вие ќе пробавте да формирате влада.

Собранието на Република Македонија попладнево ги констатираше и оставките на министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски, како и на дополнителните заменици министри за финансии Кире Наумов, за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Пратениците, на предлог на привремениот премиер Емил Димитриев, за нови членови на Владата ги избра Митко Чавков, за внатрешни работи и Диме Спасов, за труд и социјална политика.

Претседателот на Собранието ја закажа оваа седница по денешната едногласна одлука на Уставниот суд на Република Македонија да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Парламентот од 18 јануари 2016 година и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието од 23 февруари 2016 година. Притоа, уставните судии донесоа и времена мерка со која се запираат сите изборни дејства.

Иницијативата за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Парламентот беше поднесена од Талат Џафери од ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ избори СДСМ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.