Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ова ќе биде Триумфална порта“, порака во боја врз Порта Македонија

0
By Влатко Чаловски on May 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 20, 2016 20:55

На денешното продолжение на протестите во рамките на Шарената револуција, главна атракција беа куклите со ликовите на поранешниот премиер Никола Груевски, на поранешниот првчовек на тајната полиција, Сашо Мијалков, на минстрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, како и на шефот на Кабинетот на Груевски, Мартин Протогер. Сите кукли беа во затворска униформа а истите “го предводеа“ денешниот марш до Собранието.

Како и вообичаено граѓаните кои ги поддржуваат протестите се собраа пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство во 18 часот, и покрај врнежливото време. Маршот се одвиваше под паролата „Нема да ви помине“, како порака за изгласната селективна аболиција од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како и враќањето на министрите Митко Чавков и Диме Спасов.

protugerНа пат кон Собранието, повторно беше обоено седиштето на Министерството за правда каде “војниците“ на Шарените испишаа „Шарам правда барам“. Поради временските услови денеска не беа предвидени говори пред Собранието, каде што и нешто порано заврши протестот од вообичаеното, но кулминација на протестот беше откривањето на импровизираните пердиња врз Порта Македонија и повторно шарање на објектот кој најмногу претрпи боја до сега.

„Ова ќе биде Триумфална порта“, е пораката испишана на Порта Македонија.

Додека траеше настанот пред Собранието, постојано се пуштаа “бомби“ кои ги објавуваше лидерот на опозицијата Зоран Заев а во кој владини функционери зборуваат за малтретирања со инспекции во одредени градови.

Протестот се одвиваШарамше мирно, a повеќе за тоа во ВИДЕО-ХРОНОЛОГИЈАТА.

Инаку движењето Протестирам денеска напиша дека по една година “оваа криза со преговори не се решава, затоа што со криминалци не се преговара, туку исклучиво на улица!“

– Од оваа борба нема откажување! Нашиот избор е тоталитарно мракобесие или улица. Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето!#Протестирам полека ќе станува #блокирам, #окупирам и секојдневно го #менувам системот!”, вели Протестирам и додава дека ги повикува сите граѓани, “особено до оние кои сѐ уште не се вклучиле во протестите, да се вклучат – тоа да го сторат на начин на кој што знаат и умеат и да ја врамат пораката како што тие мислат дека треба! Никој нема монопол на оваа борба, таа е на сите, насекаде и на долг рок!”

#Шарена револуција демонстранти порта Македонија протести протестирам Собрание Триумфална капија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.