Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Европа и итроштините од вмровската палата

0
By Светлана Јовановска on May 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 22, 2016 09:33

 

Нашата тазе влада изгласана без опозицијата се заканува да му го нанесе смртниот удар на Пржино. Но, тоа не го спречува шефот на нашата дипломатија Никола Попоски низ Брисел да раскажува убави приказни. Од кои една наша телевизија заклучи дека Македонија сега се наоѓа на вистинскиот пат кој води во излез од кризата.

Што е и нормално со оглед на изјавата на Попоски кој, откако се сретна со Јоханес Хан, еве што кажа:

“Имаше повеќе чекори кои се случија во изминатите неколку дена кои одат во вистинска насока и тие се охрабрување на некој начин за Европската комисија во правец на задржување на препораката за преговориу за членство во Европската унија”, изјави Попоски.

Сублиминалната порака на Попоски беше дека за Хан е добро што се вратила старата влада и сега комесарот одвај чека и Никола Груевски да се врати за премиер за да почнеме преговори за членство. Можеби комесарот навистина се согласил. Сите добро знаеме дека Хан често им верувал на итроштините смислени во вмровската палата.

Се разбира Попоски ни со еден збор не ја спомна селективната аболиција. Не ја спомна ни кога ни раскажуваше за бриселските средби со неговиот германски колега Штајнмајер и со Американката Нуланд. Не спомна исто така дека утре во Брисел на министерски совет ќе стане збор за македонската криза. И дека нема да бидеме споменати во убаво светло. Не спома ни дека министрите ќе не предупредат дека ова не е вистинскиот пат за излез од кризата.

Штајнмајер и Нуланд на Попоски му ја пренесоа веќе познатата порака на Берлин и Вашингтон: целосно повлекување на аболицијата и непречена работа за специјалните обвинители. Попоски, кој инаку одлично зборува англиски, очигледно не разбрал што му рекле па изјави дека се е во најдобар ред и сега топката е кај опозицијата која бараше избори. Накусо, со оваа изјава Попоски всушност им порача на Штајнмајер и Нуланд дека тие можат да си зборуваат што им душа сака а владата ќе си ја брка тоталната окупација на Македонија.

Со последните потези владеачката партија се обидува во Брисел да го спаси најавеното одземање на препораката веќе во јуни. Таа можеби нема да биде повлечена во јуни но ако не тргнеме по вистинскиот пат тоа ќе се случи во октомври. Ни министерот ни владата не се загрижени. До октомври тие ќе смислат нова итроштина.

ВМРО-ДПМНЕ ЕУ хроника политичка криза Попоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.